Стартува мисијата на ЕК за оценка на правосудниот систем во земјава

Европската комисија е многу загрижена за последните случувања во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија, особено во однос на Судскиот совет и за таа цел во земјата испраќа оценска мисија за неговата работа, изјави за МИА портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, во пресрет на денешниот почеток на дводневната посета на шефот на мисијата, Бранко …

Continue Reading

Османи на состанок во Бриндизи со Антонио Тајани, Марија Габриел и Олта Џачка

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Италија, каде заедно со потпретседателот на Советот на министри и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Марија Габриел и министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка ќе одржат квадрилатерален министерски состанок во Бриндизи. Како што …

Continue Reading

Промоција на поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“.

Во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од скопскиот земјотрес, денеска ќе биде промовирана поштенска марка „60 години од скопскиот земјотрес“. Промоцијата ќе се одржи во просториите на УНДП во Скопје, а на неа ќе се обратат постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан и генералната директорка на АД Пошта на Македонија, Бујаре Абази. Промоцијата се одржува во партнерство со …

Continue Reading

Евроамбасадорот Гир во посета на општина Дебар

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе престојува во посета на општина Дебар. За време на престојот во Дебар, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации. Тој ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани …

Continue Reading

Министерот Николовски во посета на Словенија

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со делегација на МЗШВ, денеска и утре ќе биде во работна посета на Република Словенија. Како што информираат од МЗШВ, во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари билатерална средба со министерките за земјоделство, шумарство и храна Ирена Шинко и за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух. Николовски ќе посети и повеќе …

Continue Reading

Показна вежба за заштита на културното наследство од земјотреси

Форум и Показна вежба „Управување со ризици од земјотрес за заштита на човечкиот фактор и културното наследство – прв дел Заштита и евакуација на човекот и укажување на прва помош“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ во соработка со ЈУ. Музеј на град Скопје, Дирекција …

Continue Reading

Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност со Црна Гора

Министерот за информатичко општество и администрација  Азир Алиу и министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај денеска ќе потпишат Меморандум за разбирање во областа на дигитализација и информатичка безбедност. Потпишувањето на Меморандумот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

Continue Reading

Без струја делови од Шуто Оризари

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од Шуто Оризари. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Македонско Косовска бригада“, подулици бр. 8, 10, 20, 23, 25 и 29, во општина Шуто Оризари.

Continue Reading