Струмичките пожарникари денеска изгаснаа два пожари

Струмичките пожарникари денеска изгаснаа два пожари кои избувнаа напладне. Како што информираа од ТППЕ Струмица, прво со едно против пожарно возило и четворица пожарникари интервенирале на гасење на запалена сува трева и стрниште помеѓу селата Ангелци и Седларци. Вториот пожар избувнал во атарот на село Банско, каде пожарникарите интервенирале на гасење на запалена депонија и сува трева. Пожарите биле навремено …

Continue Reading

Ердоган ги седна на маса палестинскиот претседател, Махмуд Абас, и лидерот на Хамас, Исмаил Ханија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара се сретна со палестинскиот претседател, Махмуд Абас, и лидерот на палестинската исламистичка група Хамас, Исмаил Ханија, соопшти кабинетот на турскиот претседател. Абас се наоѓа во официјална посета на Турција, а вчера имаше одвоена средба со Ердоган, се додава во соопштението. Абас и Ханија не успеаја да ги поправат односите од 2007 година, …

Continue Reading

Одбележувањето на годишнината од примирјето меѓу двете Кореи ги одразува зголемените тензии

Одбележувањето на годишнината од примирјето што стави крај на Корејската војна пред 70 години меѓу Северна и Јужна Кореја ги одразува зголемените тензии меѓу нив, пренесе Бета. Северна Кореја покани делегации од Кина и Русија додека се подготвува да одржи огромни прослави за илјадници граѓани за да го одбележат примирјето што го смета за победа во „Ослободителната војна на големата …

Continue Reading

Изложба „Подемот и падот на Скопје“: Пораката од земјотресот е дека најважно е да бидеме солидарни и сочувствителни кон сограѓаните

Скопје по 26 јули 1963 година почнува да создава можности за раскажување на поинакви урбани приказни на модерноста. Светот ни одговори „Не сте сами, повторно ќе ве изградиме“. Скопје виде многу херои, многу пријателство и љубов. Поуката од трагичноста на земјотресот е дека најважно е да бидеме солидарни и сочувствителни кон нашите соседи и сограѓани. Ова беа дел од пораките …

Continue Reading

Во Серија А, играчите од Велика Британија во новата сезона нема да важат за странци

Фудбалерите од велика Британија повеќе нема да се сметаат за странски играчи во Италија. Италијанската фудбалска федерација ги изедначи играчите од ОК со граѓаните на Европската Унија. Од сезоната 2023/24 овие играчи нема да се сметаат за странци при формирањето на составите на тимовите. Сличен принцип сега важи во Серија А и за играчите од Швајцарија. За потсетување, според сегашната …

Continue Reading

Капацитетот на градинките во Кочани надминат за една четвртина, на листата на чекање има уште 150 дечиња

Капацитетот на сите пет објекти на детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани е надминат за една четвртина, а на листата на чекање има уште околу 150 дечиња. Од детската установа е поднесено барање за согласност до Советот на Општина Кочани за зголемување на бројот на деца во сите 31 група, каде во просек треба да има место за уште по …

Continue Reading

ЕУ усвои рестриктивни мерки против Белорусија поради вмешаноста во руската агресија

Земјите-членки на Европската унија денеска усвоија рестриктивни мерки против Белорусија поради нејзината вмешаност во конфликтот на Русија со Украина. „Амбасадорите на Европската унија денеска се договорија за усвојување на рестриктивни мерки, имајќи ја предвид ситуацијата во Белорусија и нејзината вмешаност во руската агресија врз Украина“, соопшти шпанското претседателство со ЕУ на Твитер. Шпнаското претседателство напоменува дека рестриктивните мерки ќе опфатат …

Continue Reading

Во Општина Теарце отворена канцеларија за бесплатна правна помош

По Општина Боговиње денеска и Општина Теарце доби канцеларија за бесплатна правна помош. И оваа канцеларија се отвора со поддршка на Советот на Европа и тука жителите ќе можат да ги добијат бараните информации, а тука им е обезбедена и бесплатна правна помош. -Нашата агенда почна во Општина Боговиње, а денеска ја отвораме канцеларијата за бесплатна правна помош и во …

Continue Reading

Влада ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“, ризикува најмалку една милијарда евра отштета по меѓународна арбитража

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Владата ја поништила одлуката за спојување на концесиите за експлоатација на бакар и злато за рудникот „Иловица-Штука“. Тој предупреди дека поништувањето на одлуката ќе има правни последици за државата. – Владата одлучи да престане да важи претходната одлука, а тоа значи дека ние се враќаме таму каде што бевме, не носиме ниту позитивна, …

Continue Reading