Полицијата во Ерусалим употреби водени топови и уапси шест демонстранти

Израелската полиција денеска употреби водени топови и уапси шестмина демонстранти пред Парламентот, пред клучното гласање за судските реформи. Околу 150 големи фирми, вклучително и банки, денеска започнаа штрајк поради судските реформи. Судските реформи предвидуваат намалување на ингеренциите на судиите  на Врховниот суд и ќе ги спречи да ги поништат владините одлуки за кои сметаат дека се „неразумни“. Владата на премиерот …

Continue Reading

Општина Струмица ги реконструира игралиштата и парковите во населените места

Општина Струмица ги реконструира детските и спортските игралишта и парковите во населените места со средства од општинскиот буџет од близу 10 милиони денари. Градоначалникот Костадин Костадинов денеска изврши увид во градежните зафати во населеното место Просениково. -Во населеното место Просениково практично вршиме реконструкција на трите паркови. Овде сме сведоци дека имаме зафати и на атмосферската канализација при што ќе поставиме …

Continue Reading

ОЈО Битола го заврши увидот во сообраќајката каде загина млад битолчанец

Основното јавно обвинителство-Битола информира дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото каде утрово се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Според првичните наоди при увидот, до несреќата на патот Прилеп-Ресен дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. – Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на …

Continue Reading

Доделени средства за реконструкција на улица „Острец“ во Делчево

Со средства од Владата преку Министерството за транспорт и врски за имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите и од Буџетот на Општина Делчево ќе се реконструира улицата „Острец“ во населбата Трети Реон, информираа од Општина Делчево. За таа цел како што додадоа оттаму денеска во Министерството за транспорт и врски, министерот Благој Бочварски го додели Договорот со кој Општина …

Continue Reading

„Волстрит џурнал“: Западните лидери уште пролетва знаеле дека украинските сили имаат мали шанси во контраофанзивата

Западните лидери знаеле дека е малку веројатно дека украинските сили во контраофанзивата што почна пролетва ќе успеат да ги истуркаат Русите и да ги принудат да се повлечат од добро утврдените позиции, пишува весникот „Волстрит џурнал“. Весникот оценува дека големите и смртоносни мински полиња, цврсто изградените утврдувања и руските воздухопловни сили синергистички спречуваат каков било значаен напредок на украинските војници. …

Continue Reading

Битолското здружение на пензионери додели прехранбени производи на пензионери со ниски приходи

Битолското Здружението на пензионери кое дејствува на подрачјето на општините Битола, Могила и Новаци, додели прехранбени производи на членови пензионери кои се немоќни и со ниски месечни приходи. Хуманитарната поддршка и акција е спроведена во рамки на проектот „Рурален пензионер“ поддржан од Европската унија, истакна Даница Петличкова, претседателка на Здружение на пензионери-Битола. – Нашите членови посетија пензионери во повеќе населени …

Continue Reading

Владата утре ќе расправа за Иловица, Битиќи останува на ставот дека ќе се почитува одлуката на граѓаните

Владата утре на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука. Се очекува министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и денеска повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните, односно дека доколку се изјаснат против отворањето на …

Continue Reading

„Здрав оброк за секое дете“: Во градинките испорака на 175 500 килограми домашни праски, наредните месеци сливи, круши и јаболка

Вкупно 90 000 килограми домашни кајсии се дистрибуирани до градинките низ земјава во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“ што почна минатата недела. Од денеска, кампањата продолжува со испорака на 175 500 килограми домашни праски. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Платежната агенција Никица Бачовски ја посети градинката „Орце Николов“ во општина …

Continue Reading

Путин со закон ја зголемува возраста на воените резервисти

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша Законот за зголемување на старосната граница за резервистите. Законот предвидува зголемување на максималната старосна граница за сите рангови и категории за пет години, се наведува во соопштението на руската Влада. Војниците, морнарите и наредниците отсега ќе можат да се повикуваат на резервна служба до 55 години Старосната граница за офицерите до чин капетан отсега …

Continue Reading