Здравковски нов фудбалер на шкотски Мадервил

Поранешниот член на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Давор Здравковски е нов фудбалер на Мадервил, соопшти денеска шкотскиот прволигаш. Дваесетипетгодишниот играч од средниот ред се сели во шкотската Премиер лига од редовите на кипарскиот прволигаш АЕЛ во чиј редови настапуваше последните шест сезони. Шкотскиот прволигаш соопшти дека Здравковски потпишал двегодишен договор и во клубот од „Фир Парк“ ќе го …

Continue Reading

Битиќи: Владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за шест ипол пати повеќе од владата на ВМРО-ДПМНЕ

За шест години владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за околу 59%, или за шест ипол пати повеќе од владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, објави на фејсбук вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. – Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по …

Continue Reading

Тештата на претседателот на Јужна Кореја осудена на една година затвор

Судот во Јужна Кореја донесе пресуда со која ја потврди едногодишната затворска казна за тештата на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол. Чој Ен-сун е осудена за фалсификување на документи користени при купување на земјиште. Апелацискиот суд го одби нејзиното барање за преиспитување на казната изречена од окружниот суд. Во судската одлука се наведува дека Чој е виновна за изработка …

Continue Reading

Меџити: МЗ е партнер на лицата со дијабет, потпишана е одлуката за набавка на ленти

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска на состанок ги сослушал барањата на лицата со дијабет. Меџити, како што соопшти МЗ, искажал целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат. – Како што информираше министерот на состанокот утрово, ги преземаме сите мерки за да се излезе во пресрет на барањата на лицата со дијабетес. Обезбедувањето на квалитетна здравствена …

Continue Reading

Бугарија презема контролата над нафтен терминал од руската компанија Лукоил

Бугарскиот Парламент денеска донесе одлука за откажување на концесијата на руската нафтена компанија Лукоил за управување со нафтениот терминал Розенец, во близина на пристаништето Бургас на Црното Море. Предлог-законот е изгласан во прво читање. „За“ гласаа 144 пратеници од 240-члениот Парламент. Договорот предвидува и дека на Лукоил ќе му биде дозволено да го користи нафтениот терминал и по завршувањето на …

Continue Reading

Ќучук достави писмени прашања до ЕК во врска со мерките против честите манифестации на антисемитизам и говор на омраза во Бугарија

Бугарскиот европратеник Илхан Ќучук достави писмени прашања до Европската комисија во врска со мерките што институцијата ги презема против честите манифестации на антисемитизам и употребата на говор на омраза од јавни личности во Бугарија. Во последниве години, Бугарија доживеа алармантен пораст на јавен говор на омраза и антисемитизам, при што овој тренд се влошува под изговор дека слободата на изразување …

Continue Reading

Ди Карло: Руските напади врз украинските пристаништа во Црно Море се ризик за глобалната безбедност на храната

Руските напади врз украинските пристаништа на Црното Море претставуваат ризик од „големо влијание врз глобалната безбедност на храната, а особено за земјите во развој, изјави заменичката-генерален секретар на ОН за политички прашања, Розмари Ди Карло. Таа истакна дека заканите за потенцијални напади врз цивилни бродови во водите на Црното Море и од страна на Русија и од страна на Украина …

Continue Reading

Блинкен: Побаравме од Северна Кореја информации за американскиот војник

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Вашингтон сака да дознае каде се наоѓа американскиот војник Тревис Кинг, кој на 18 јули ја премина демилитаризираната зона што ги дели Северна и Јужна Кореја и пристигна во Северна Кореја, додавајќи дека САД ја побарале таа информација од Пјонгјанг. За време на неговото обраќање на дискусијата на безбедносната конференција во Аспен, …

Continue Reading

Директорот на БЈБ Тасевски во работна посета на РЦ Запад, аеродромот „Св. Апостол Павле“ и СВР Охрид

Директорот Сашо Тасевски заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) денеска во рамките на реализација на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“ остварија работна посета на ПС за ГП Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид и на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“,  при што беше остварена работна средба со раководствата на овие …

Continue Reading