Предупредувања за екстремни горештини за над 100 милиони Американци, поплави и торнадо на источниот брег

 – Над 100 милиони Американци од 15 држави од југозападот до југот и југоистокот, од Аризона до јужна Флорида, се под предупредувања за екстремни горештини, додека за 80 милиони, или четвртина од вкупната популација на САД, температурата на воздухот викендов нема да попушти под 40.5  степени Целзиусови, јавуваат од Националата метереолошка служба. Во Кентаки и Северна Каролина пак се забележани поројни …

Continue Reading

Во Собранието заврши расправата за предлогот Бислимовски да добие уште еден мандат на чело на РКЕ, ќе се гласа дополнително

 – Во попладневното продолжение на 120 седница пратениците ја завршија дебатата за Предлогот за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, при што за прв човек на Комисијата е предложен актуелниот претседател Марко Бислимовски, а за членови Александар Чеботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема. По …

Continue Reading

Во велешката библиотека се одржа тридневна работилница „Лето во библиотека“

– Од вторникот до денеска во велешката локална библиотека „Гоце Делчев“ се одржа тридневна работилница за основци насловена „Лето во библиотека“, а на која учесниците беа запознати со процесот на правење книга, информира директорката Снежана Бошевска. Таа појаснува дека целта била учениците кои се на летен распуст да ја засакаат книгата и да научат како се прави таа и на …

Continue Reading

Диего Гомез – нов фудбалер на Интер Мајами

– Парагвајскиот фудбалски репрезентативец Диего Гомез (20) е нов член на американскиот прволигаш Интер, соопшти денеска клубот од Мајами. Парагвајскиот играч за врска доаѓа од Либертад и со Интер потпиша договор до 2026 година. „Среќен сум што му се приклучив на клубот во овој возбудлив момент. Ќе се борам да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели“, изјави …

Continue Reading

Рама побара од ЕУ да биде порешителна за што поскоро спроведување на договорот меѓу Косово и Србија

– Албанскиот премиер Еди Рама ја повика ЕУ да дејствува решително за да обезбеди што поскоро спроведување на основниот договор меѓу Косово и Србија, постигнат на 27 февруари во Брисел, напиша Рама на Твитер. Албанскиот премиер истакна дека Северно Косово не треба да се претвори во мал Донбас и дека треба да се дејствува пред да биде предоцна. „ЕУ мора …

Continue Reading

Повеќе од половина Косовци не можат да си дозволат годишен одмор

– Официјални статистички податоци на Косово покажуваат дека повеќе од половината Косовци годинава не можат да си дозволат барем еднонеделен годишен одмор, јави дописникот на МИА од Приштина. Претставникот на Агенцијата за статистики на Косово (АСК), Хиди Морина вели дека 57 отсто од Косовците немаат пари за годишен одмор, како последица на големиот пораст на животните трошоци. – Околу 57 …

Continue Reading

„Анима мунди“: Институциите одговорија – во нашата држава е во ред да тепаш животни

 – Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ не е задоволни тоа што од Агенцијата за храна и ветеринарство не започнала постапка за одземање на домашен миленик од жител на Велес, кој пред две недели е снимен како го удира сопственото куче. Од АХВ му наложиле на велешанецот само да го вакцинира кучето и да го микрочипира. Случајот е пријавен …

Continue Reading

Поранешниот шеф на Шин Бет го поддржа протестот на воените резервисти

 – Поранешниот шеф на израелската Служба за безбедност (Шин Бет) Надав Аргаман денеска ги поддржа армиските резервисти кои одбиваат да се пријават на должност во знак на протест против планот на израелската Влада за реформи во судството. Аргаман изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ја штити владејачка коалиција, а не државата. – Многу сум загрижен што сме на работ на граѓанска …

Continue Reading

Преглед на настани во изминатите две декади кои ги разгневија муслиманите поради сквернавење на Куранот

Палењето на шведската амбасада во Багдад од страна на демонстранти поради заканата на ирачки бегалец дека ќе го запали Куранот во Стокхолм е најновиот случај што го разгневи муслиманскиот свет поради сквернавењето на светата книга на исламот. АФП наведува дел од другите случаи што предизвикаа немири во изминатите 20 години: Шведска беше цел на гнев од муслиманскиот свет во 2023 …

Continue Reading