Спречен обид за нелегално изнесување девизи, запленети 27 000 евра

Царинската управа соопшти дека на граничниот премин „Богородица“ е спречен обид за нелегално изнесување девизи, при што се запленети 27 000 евра. -На 18.07.2023 година околу 20:00 часот на излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски таблици, управувано од српски државјанин. При извршена контрола од страна на царинските службеници во лична ташна …

Continue Reading

Кинотека на Македонија обучува лица за евтина дигитализација на филмови

Кинотека на Македонија прв пат е дел од проект во рамки на ЕРАЗМУС + програмата, подржана од Европската Унија. Проектот е од областа на стручното образование и обуки и е во соработка со партнери од Бугарија (СОКИ од Бугарија се раководители на проектот), Германија и Холандија. Евтината дигитализација на стари филмови, соопштија денеска од Кинотеката, реферира на дигитализација на 8-милиметарски …

Continue Reading

Градоначалникот Муцунски и општина Аеродром казнети со 88.000 евра

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина, со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, соопшти прес-службата на Град Скопје. Посочуваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во …

Continue Reading

Западен Балкан, самитот на НАТО, Украина и ситуацијата во Источен Медитеран во фокусот на средбата Герпетритис- Столтенберг

Разменивме мислења за ситуацијата на Западен Балкан и за загрижувачките случувања на терен и ја истакнавме потребата од брза деескалација на тензичната ситуација во Косово и зајакнување на улогата на ЕУЛЕКС, рече министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис на почетокот на изјавата по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис …

Continue Reading

Најмалку еден загинат и 40 повредени во силна експлозија во центарот на Јоханесбург

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 40 се повредени во експлозија во централната деловна област на комерцијалната престолнина на Јужна Африка, Јоханесбург. Властите допрва треба да ја утврдат причината за експлозијата која вчера попладне предизвика голема штета на улиците, иако првичните шпекулации укажуваа дека дошло до напукнување на гасовод. Градски снабдувач Egoli Gas Ltd. соопшти дека е малку веројатно …

Continue Reading

Пендаровски: Дијаспората да продолжи да лобира за заокружување на нашите европски интеграции

Независноста на државата, демократијата и мултиетничката коегзистенција, се трите најголеми македонски достигнувања, а дијаспората има значаен удел во секое од нив. Најголемата инвестиција што ја носат иселениците тука, се евроатлантските демократски вредности и принципи на работа, културата на почитување на законите и претприемачкиот дух. Неспорен е фактот дека голем дел од придобивките и добрите практики што ги имаме, се донесени …

Continue Reading

АЛКАЛОИД започна процес на целосна дигитализација и автоматизација на процесите во сегментот Фармација преку имплементација на најсовремениот систем Manufacture Execution System – AlkaMES

АЛКАЛОИД АД Скопје, како глобална и иновативна компанија, континуирано ги следи светските достигнувања во развојот на фармацевтската индустрија. Приспособувањето и искористувањето на иновативните технологии и прифаќањето на дигиталната трансформација се важен императив за да се биде во чекор со најновите трендови, како и заради нивна примена за унапредување и за усовршување на сите аспекти во работењето. АЛКАЛОИД започна со спроведување …

Continue Reading

Бербок: Украинското жито не може да биде оставено да изгние во сиросите

Германија заедно со своите сојузници работи да се обезбеди украинското жито да не се остави да скапува во силосите откако Русија се повлече од договорот за извоз на житото преку Црно Море, а Берлин ќе ја забрза работата за извоз на житото со железница, изјави денеска шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, цитирана од британските меидуми. Зборувајќи на маргините на …

Continue Reading

Претрес кај две правни лица кои одгледуваат канабис за медицински цели, констатирани повеќе неправилности

Секторот за недозволена трговија со дрога извршил претрес кај две правни лица од Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели, при што констатирани се повеќе неправилности. Кај едното правно лице недостигале околу 40 килограми канабис од четири реколти, а констатирани се и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на неколку члена од Законот за контрола на опојни …

Continue Reading