За викендот дебрани и гостите го посетија Дебарско Езеро

Дебрани, печалбари, кои се пристигнати во родниот град, но и потомци на поранешни жители на селските населени места, кои сега живеат главно во Скопје, денеска се разладуваат во чистите води на Дебарското Езеро. – Водата е прекрасна, многу потопла од природните езера па и децата многу полесно влегуваат. Ова е најубавото место во нашиот град. Деновите што следуваат, па се …

Continue Reading

Американскиот претставник Кери во Кина за повторно покренување на климатските преговори

Американскиот претставник за климата Џон Кери денеска пристигна во Кина за да ги обноват преговорите меѓу двата најголеми светски емитери на гасови што ги затоплуваат планетите, објавија државните медиуми. Почнувајќи од понеделник, „Кина и Соединетите Американски Држави ќе имаат детална размена на мислења“ за климатските прашања, објави државната телевизија Си-Си ТВ по пристигнувањето на Кери во Пекинг. Посетата на Кери …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

 Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска денеска присуствуваа на културно-сценската манифестација „Галичка свадба“, што традиционално се одржува под негово покровителство. Претседателот Пендаровски им честитал на годинашните младенци, Оливер Андреевски и Елисавета Булоска. Дарувајќи ги со „галичка пафта“ – со мотив од галичка носија, им посакал среќа, бериќет, љубов и хармонија во нивниот иден заеднички живот. Како што соопштуваат …

Continue Reading

Возило излетало од патот во близина на „Богородица“, повредени жена и две деца

Патничко возило „сузуки“ со српски национални ознаки синоќа излетало од патот на автопатот А1, во близина кај граничниот премин „Богородица“. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(45) и една малолетна сопатничка, додека со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, сите од Србија, констатирани во болницата во Гевгелија. Како што соопшти МВР, возилото го управувал Д.Д.(58) од Република …

Continue Reading

Курти ги претстави дроновите Бајрактар купени од Турција

Косовскиот премиер Албин Курти објави денеска дека неговата влада купила дронови Бајрактар ТБ-2 од Турција, но не ја соопшти нивната бројка, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешното претставување на дроновите, придружуван од министерот за одбрана, Арменд Мехај и командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Башким Јашари, Курти порача дека со оваа набавка „Косово сега е уште побезбедно, …

Continue Reading

Во Штип намален бројот на такси компании

Намален е бројот на такси компании во Штип и Кочани. Глигор Арсов, претседател на Здружението на такси превозници – Штип вели дека причините се дека енергетската криза, но и високите цени на деловите за нивните возила, како и недостатокот на возачи. Според неговите анализи, бројот на такси компании е намален за 50 отсто, а во моментов во Штип егизистрираат само …

Continue Reading

МНР: Македонското и грчкото МВР во комуникација за расчистување на случајот со убиството на Халкидики

По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, соопшти МНР. Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е …

Continue Reading

Брнабиќ: Во блиска иднина железничко поврзување меѓу Србија и Македонија преку модерна и брза пруга

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ кажа дека иницијативата Отворен Балкан е отворена за сите од регионот, особено доколку се понудат добри проекти во кои би се вклучиле и држави кои не се од регионот. Според неа, кога имате добри проекти како што е овој, од кои директни придобивки имаат граѓаните тогаш и останатите надвор од овој регион сакаат да се …

Continue Reading

Приведен разбојник во Струмица, одзел пари и мобилен

Полициски службеници од СВР Струмица синоќа го лишиле од слобода Д.А.(27) од Струмица. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека околу 15 часот физички ја нападнал А.И.(63) од Струмица во нејзиниот дом и ѝ одзел пари и мобилен телефон. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading