Саат-кулата во Битола прогласена за културно наследство од особено значење

Саат-кулата во Битола ја добива највисоката верификација и се вбројува во редот на културни добра со најголема културно-општествена важност на градот, соопшти Министерството за култура. Владата, на седницата одржана на 11 јули, донесе одлука за прогласување на Саат-кулата за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење. Градскиот часовник, со својата висина од 33 метри, доминацијата во просторот и саатниот …

Continue Reading

МНР на Германија и Чешка ветија поголема помош за Украина

Министрите за надворешни работи на Германија и Чешка ветија дополнителна одбранбена помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, за време на состанокот одржан денеска на германско-чешката граница. Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски ја опиша инвазијата како чин на „невидена империјална руска агресија“ и ја нарече Русија најголема закана за безбедноста во Европа. – Чешката Република ќе …

Continue Reading

Фестивал на албанска култура „Кенге Јехо“ во Струга

Културно уметничкото друштво „Валет е Лиќенит“ од Радолишта ќе го отвори 32. издание на фестивалот на стилизирани песни и ора „Кенге Јехо“, што од денеска до недела ќе се одржува на Градскиот плоштад во Струга. Настап, како што информира директорот на Фестивалот Зини Јусуфи, ќе имаат и студија и ансамбли од Скопје, Атина, Пловдив, Либражд, како и Државниот ансамбл на …

Continue Reading

Врховниот суд утврди Начелен став за акредитациите на медиумите, одобренијата важат до завршување на расправата по предметот

Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната Општа седница  утврди Начелен став за акредитациите на медиумите во врска со одобренијата за снимање и фотографирање, со кој се решава прашањето за различната судска практика за дадените одобренија за снимање или фотографирање по конкретен предмет, а во врска со примената на член 360 од Законот за кривичната постапка и член 105 …

Continue Reading

Усвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2023“ во Кавадарци

Со мнозинство гласови денеска Советот на општината Кавадарци ја усвои програмата за „Тиквешки гроздобер 2023“. За традиционалната манифестација се предвидени 10.595.086 денари. Општината ќе издвои пет милиони и триста илјади денари, а остатокот се планира да се обезбеди од излагачи, спонзори и донатори на Фестивалот. На „Тиквешки гроздобер“ ќе настапат Лепа Брена, Дарко Лазиќ, Халид Бешлиќ и Хурикејн, но и …

Continue Reading

Ердоган: Путин и јас сме на иста страна по прашањето за продолжувањето на Договорот за жито

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се на иста страна кога станува збор за продолжување на Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа на Црното Море. Ердоган, исто така, истакна дека се надева дека договорот ќе биде продолжен по 17 јули, како резултат на напорите на Обединетите нации и Турција. Портпаролот …

Continue Reading

Борел: Лавров „агресивно“ ги отфрли барањата за повлекување на руските војници од Украина

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел денеска изјави дека рускиот министер за надворешни работи „агресивно одговорил“ на повиците за време на регионалниот форум на АСЕАН Москва да ги повлече своите трупи од Украина. На маргините на форумот во Џакарта, Индонезија, Борел изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров барањето за повлекување го нарекол …

Continue Reading

Гир: Доколку се спроведат уставните измени, следниот чекор е автоматски, без можност за вето и дополнителни одлуки

Доколку се спроведат уставните измени, тогаш следниот чекор ќе се случи автоматски, без можност за вето и дополнителни одлуки, вели во интервју за МИА евроамбасадорот Дејвид Гир. Во одговор на прашањето како да се дојде до компромис за уставните измени, Гир вели дека треба да се промени духот на дијалогот, за да се оди напред, не само, како што вели, …

Continue Reading

Награда за Никола Ристановски на Фестивалот на европскиот филм Палиќ во Србија

Актерот Никола Ристановски од Северна Македонија е годинешниот добитник на наградата „Александар Лифка“ во регионална категорија на 30-тото издание на Фестивалот на европски филм Палиќ кој се отвара утре, јави дописникот на МИА од Белград. Покрај Риставновски, наградата „Александар Лифка“ ја добиваат и српскиот актер Богдан Диклиќ за исклучителен придонес во европската кинематографија, како и режисерот Андреас Дрезен во категоријата …

Continue Reading