Светските лидери ја поздравуваат одлуката на Турција за членството на Шведска во НАТО

Светските лидери ја поздравија одлуката на Турција повеќе да не го попречува приемот на Шведска во НАТО. Американскиот претседател Џо Бајден, кој вчера пристигна во Вилнус на самитот на НАТО, ја поздрави согласноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за членство на Шведска во Алијансата. – Подготвен сум да работам со претседателот Ердоган и со Турција за зајакнување на одбраната …

Continue Reading

Речиси три децении од геноцидот во Сребреница

Пред 28 години, на 11 јули 1995 година, единиците на Армијата на Република Српска предводени од генералот Ратко Младиќ заедно со паравоената формација „Скорпиони“ извршија геноцид врз бошњачкото население во регионот на Сребреница, кој беше зона под заштита на Обединетите Нации. Според досега познатите податоци, силите предводени од Ратко Младиќ убиле околу 8.000 луѓе, главно мажи и момчиња од исламска …

Continue Reading

Турскиот и американскиот министер за одбрана разговарале за модернизацијата на турските вооружени сили

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал за модернизацијата на турските вооружени сили во телефонски разговор со турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, соопшти Пентагон синоќа откако Турција објави дека ќе го поддржи членството на Шведска во НАТО. Во октомври 2021 година, Турција изрази подготвеност да купи американски борбени авиони Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари, како и речиси …

Continue Reading

Промоција на романот „Записите на црвот Смолински“ од Азем Делиу во МКЦ

Во Младинскиот културен центар во Скопје денеска ќе се одржи промоција на романот „Записите на црвот Смолински“ од младиот косовски автор Азем Делиу, кој деновиве излезе од печат во издание на Перун Артис од Битола. Преводот од албански јазик е на Јордана Шемко Георгиевска. Книгата е за познатиот полски писател Пјотр Смолински кој го посетува Косово по војната, во неа …

Continue Reading

Три нови одбранбени планови и пакет за приближување на Украина се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО во Вилнус

Клучните предизвици со кои се соочува Алијансата и натамошните чекори за зајакнување на одбранбените капацитети, но и приближувањето на Украина кон Алијансата ќе бидат клучните теми на кои ќе се осврнат лидерите на земјите-членки на НАТО денеска и утре на Самитот во Вилнус. На Самитот, делегацијата на Северна Македонија ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а во нејзиниот состав се и …

Continue Reading

Спасовски во посета на Центарот за обука Идризово

Во рамки на проектот „Отворен кабинет” министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе го посети Центарот за обука Идризово. Спасовски, како што најавуваат од МВР, работниот ден ќе го помине со кандидатите за полициски службеници кои неодамна ја започнаа својата 12 месечна професионална обука.

Continue Reading

Амбасадорот Лозано Гарсија во Собранието ќе ги презентира приоритетите на шпанското претседателство

Амбасадорот на Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија денеска пред членовите на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за европски прашања ќе ја презентира Програмата и Приоритетите за работата на шпанското претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули-декември 2023 година. Приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ меѓу останатото опфаќаат „реиндустријализација на ЕУ“ и обезбедување на нејзината стратешка …

Continue Reading

Комеморативен „Марш за Сребреница“

Бошњачкиот национален сојуз (БНС) денеска организира традиционалниот комеморативен „Марш за Сребреница“ во знак на почит и сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Маршот ќе започне во 18:30 часот, преку булевар „Џон Кенеди“, Стара скопска чаршија, плоштад „Филип Втори“, и ќе заврши на плоштад „Македонија“ во 19:30 часот. Од 19:30 часот до 20:00 часот ќе има комеморативна програма по повод …

Continue Reading

Презентација на програма за културната манифестација „Галичка свадба“

Програмата на годинешната културна манифестација „Галичка свадба“ официјално ќе биде презентирана денеска во Пивара Скопје. Воедно ќе бидат претставени и годинешните младенци, облечени во традиционалните галички свадбарски носии. На прес-конференцијата ќе се обратат Александар Костиќ од МЗ „Галичник“, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и претставничка на Пивара Скопје, долгогодишен партнер на манифестацијата

Continue Reading