Харадинај: Курти е најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека актуелниот косовски премиер, Албин Курти е „најсмешниот и најштетниот политичар во поновата историја на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај напиша дека Курти изградил „кула од карти, која ќе се урне на истиот начин како што …

Continue Reading

Дел од Визбегово без вода

Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Качанички пат“ и „Јадранска магистрала“. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на „Качанички пат“ без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Continue Reading

Пиоли: На Малдини му должам многу

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го коментираше заминувањето на Паоло Малдини од клубот. – Благодарение на Малдини и Рики Масару, не работев подолго со ниту еден од другите менаџерите и им должам многу. Имавме одличен однос заснован на почит, добро се согласувавме. Секако, имаше спорови, особено по шампионската сезона, но почитта секогаш беше присутна, изјави Пиоли за „ Milan News“. …

Continue Reading

Опожарени подрумските простории на кумановскиот суд

Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран, но една екипа е останата на терен. – Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува, велат од кумановската Противпожарна единица. Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманаво од 01:35 часот интервенирале на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во …

Continue Reading

Мицотакис на НАТО Самитот ќе се сретне со Ковачевски, Ердоган, Макрон, Шолц, Рама и Милатовиќ

Со премиерите на Северна Македонија и Албанија, со претседателите на Турција, Франција и Црна Гора, како и со германскиот канцелар, ќе одржи средби грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на маргините на НАТО Самитот што денеска и утре се одржува во Вилнус, јави дописничката на МИА од Атина. Средбите со Рама и Милатовиќ се закажани за денеска, додека пак со Ковачевски, Ердоган, …

Continue Reading

Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за „тешка кражба“ во скопски хотел. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница. -Периодот …

Continue Reading

Канадски тинејџер издлабил име во храм во Јапонија

Полицијата во Јапонија испрашувала тинејџер од Канада, откако издлабил име на дрвен столб од храм изграден во 8. век. Се тврди дека на 7 јули, 17-годишникот напишал „Џулијан“ на еден од столбовите во храмовниот комплекс Тошодаиџи Кондо во градот Нара. Храмот е на листата заштитени културни наследства на УНЕСКО и е еден од осумте историски знаменитости на древната престолнина Нара. …

Continue Reading

Најмалку шест жртви во поплави во Јапонија

Обилниот дожд на југозападниот јапонски остров Кјушу предизвика поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа најмалку шест лица, а спасувачите трагаат по тројца исчезнати, соопштија денеска локалните власти. Јапонската метеоролошка агенција ги ублажи специјалните предупредувања за обилни дождови издадени вчера за северните делови на островот, но ги повика жителите да бидат внимателни во случај на нови одрони. – Општините …

Continue Reading

Османи: По Шведска, на ред за прием во НАТО се Косово, Украина и Босна и Херцеговина

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ја поздрави поддршката што ја даде претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган за зачленување на Шведска во Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина. По синоќешната изјава на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Ердоган се согласил да ја поддржи Шведска за членство во Алијансата, Османи на својата официјална страница на Твитер напиша …

Continue Reading