СМО: Дрстично намален морскиот мраз на Антарктикот

Нивото на морскиот мраз на Антарктикот минатиот месец беше на рекордно ниско ниво, објави Светската метеоролошка организација (СМО), што експертите за климатски промени го сметаат за загрижувачки. СМО објави дека нивото на морскиот мраз на Антарктикот во јуни, кој беше најтоплиот месец досега, е најниско од почетокот на сателитскиот мониторинг – 17 отсто под просекот. -Навикнати сме да ги гледаме …

Continue Reading

Од печат излезе романот „Записите на црвот Смолински“ на Азем Делиу

Деновиве од печат излезе романот „Записите на црвот Смолински“ од младиот косовски автор Азем Делиу во издание на Перун Артис од Битола, а преводот од албански јазик е на Јордана Шемко Георгиевска. Книгата е за познатиот полски писател Пјотр Смолински кој го посетува Косово по војната, во неа е прикажуван судирот на идентитетите и менталитетот. Влијанието на религијата, национализмот во …

Continue Reading

Норвешка ќе го продолжи присуството на силите на НАТО во Летонија до 2024 година

Мандатот на норвешките сили во мултинационалниот воен контингент на НАТО во Летонија ќе биде продолжен до 2024 година, соопшти норвешката Влада. На Самитот на НАТО во Варшава во 2016 година, земјите-членки се согласија да распоредат свои единици на североисток и југоисток од Алијансата како одговор на зголемената нестабилност на источното крило на НАТО. Иницијативата стана позната како „Засилено присуство напред“. …

Continue Reading

Петмина припадници на опозициските сили загинаа во напад на силите на сириските Курди на северот на Сирија

Силите на сириските Курди денеска започнаа напад во северна Сирија, при што загинаа најмалку пет сириски опозициски сили поддржани од Турција, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија. Нападот се случил нешто по полноќ синоќа, јужно од северниот град Африн, кој го држат силите поддржани од Турција. Опсерваторијата соопшти дека денешниот напад го извршиле Oслободителните сили …

Continue Reading

Средба Османи – Џоли во Вилнус

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли, во рамки на Самитот на НАТО, во Вилнус, Литванија. Како што информираат од Министерството за надворешни работи, министерот поздравувајќи го развојот на билатералните односи, посебно ја потенцирал Декларацијата за стратешко партнерство меѓу двете земји, како значен потенцијал и солидна основа за натамошно унапредување …

Continue Reading

Графити со заканувачка содржина во Гостивар

Непознати сторители со син спреј на неколку места во близина на автобуската станица испишале графити со навредлива содржина и закани на етничка основа. Од полицијата информираа дека случајот кај нив бил пријавен претпладнево околу 10 часот и 30 минути. – Во Полициска станица Гостивар пријавено е дека на четири станбени згради и трафостаница на улиците „Гоце Делчев“ и „Мара Угринова“ …

Continue Reading

Уапсен струмичанец кој превезувал пет мигранти од Сирија

Полициски службеници вчера уапсиле струмичанец откако во неговото патничко возило пронашле пет лица мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера во 19:20 часот на регионален пат 1102 с.Прдејци – с.Смоквица од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за гранични работи „Југ“ е лишен од слобода Н.Г.(41) од Гевгелија, затоа што во патничко моторно возило „бмв …

Continue Reading

Владата и Синдикатите постигнаа договор, платите во јавниот сектор во септември ќе се зголемат за 10 отсто

Синдикатите и Владата денеска постигнаа договор  за зголемувањето на платите и за методологијата за раст на платите во јавниот сектор. Платите во јавниот сектор од 1 септември ќе бидат зголемени за 10 отсто, а вработените ќе добијат 10.000 К-15. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека е постигнат договор за потпишување на општиот колективен договор и за …

Continue Reading

Општина Струга и ЈП „Водовод и канализација“ со апел за рационално користење на водата за пиење

Општина Струга и Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ апелираат до граѓаните за рационално користење на водата за пиење во градот и околината. Градоначалникот Рамис Мерко и директорот на претпријатието Дашмир Насуфи на денешната средба во Општина Струга информирале дека на терен се општински инспектори, кои вршат контроли за нерационално трошење на водата. – Ги замолуваме граѓаните и стопанствениците да не …

Continue Reading