Данокот за солидарност и законите за ДДВ и на добивка утре повторно на владина седница, во Собранието ќе се носат со европско знаменце

Предлог на законот за данокот на солидарност, измените и дополнувањата на законите за данок на додадена вредност и на добивка утре повторно ќе се најдат на владина седница, по што ќе бидат испратени во Собранието со европско знаменце, потврди вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за ТВ 24. – Ние данокот на солидарност го воведовме дополнително, но не …

Continue Reading

Поранешниот претседател на Јувентус, Ањели, суспендиран на 16 месеци

Италијанскиот фудбалски суд го суспендираше денеска поранешниот челник на Јувентус, Андреа Ањели, на 16 месеци поради неправилности при исплата на плати на играчите. Ањели, како што објави Фудбалската федерација на Италија, е казнет и со 60 илјади евра. Случајот датира од почетокот на пандемијата на коронавирусот кога Јувентус објави дека играчите се согласиле на големо намалување на платите во период …

Continue Reading

Вулкан во Исланд еруптираше во близина на главниот град

На полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд, во близина на главниот град Рејкјавик, еруптираше вулкан по интензивна сеизмичка активност во областа, соопшти Метеоролошката служба (ИМО). -Во овој момент, тоа е многу мала ерупција, рече Метју Робертс од одделот за услуги и истражување на ИМО. Тој додаде дека нема директна непосредна опасност за луѓето кои живеат во регионот. -Ерупцијата беше потврдена во …

Continue Reading

Столтенберг: Турција ја пушта Шведска во НАТО

Турскиот претседател Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг. Тој додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска. -Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни, рече Столтенберг.

Continue Reading

Зеленски: Самитот во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мнозинството во НАТО е категорично „за“ неговата земја, а самитот на Алијансата во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на пактот, пренесоа британските медиуми. -Мнозинството во алијансата е категорично „за“ нас. Кога аплициравме за членство во НАТО, отворено кажавме: всушност, Украина е веќе во Алијансата. Нашето оружје е оружјето на Алијансата. …

Continue Reading

Стејт департмент: Членството на Турција во ЕУ е посебно прашање од пристапувањето на Шведска во НАТО

САД не веруваат дека барањето на Турција за членство во ЕУ треба да биде пречка за влез на Шведска во НАТО, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент. Изјавата доаѓа откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара забрзано членство на Турција во ЕУ за подигање на блокадата за пристапувањена Шведска во НАТО. -Сметаме дека тоа посебно прашање од прашањето за членство …

Continue Reading

НАТО ги договори плановите во случај на руски напад

Сојузниците на НАТО постигнаа договор за регионалните планови во случај на руски напад. Со децении, западната воена алијанса не гледаше потреба да се договори за големи одбранбени планови и долго време сметаше дека постсоветска Русија повеќе не претставува закана. Но, сега земјите-членки одлучија дека мора да имаат разработен план во случај на конфликт со Москва. Турција го блокираше одобрувањето на …

Continue Reading

Палестинците ги отфрлија условите на Израел за спас на Палестинската управа

Палестинската управа денеска ги отфрли условите на Израел за помош во спречувањето на нејзиниот колапс. Палестинскиот премиер Мухамед Стајех најави дека правно-дипломатските напори против Израел ќе продолжат на меѓународната сцена и го отфрли барањето Палестинската управа да престане да дава финансиска помош за семејствата на Палестинците убиени или приведени поради нападите врз Израелците. Израелскиот кабинет, задолжен за безбедност, вчера одлучи …

Continue Reading

Поплави и одрони во Црноморскиот регион во Турција, едно лице загина

Обилните врнежи од дожд во регионот на Црното Море во Турција предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а едно лице загина во северната турска провинција Самсун, изјави денеска министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу. -Неколку патишта беа затворени поради лизгање на земјиштето, додаде тој. Во провинцијата Болу е затрупан излезот од тунелот. На снимка се гледаат багери кои се обидуваат да …

Continue Reading