Хамас: Нападот во Тел Авив е одмазда за израелската операција на Западниот брег

Палестинското исламистичко движење Хамас ја презеде одговорноста за нападот со возило врз група луѓе во Тел Авив и соопшти дека тоа е одмазда за големата израелска операција на Западниот Брег. Во нападот беа повредени осум лица, а најмалку пет се во тешка состојба, соопштија од двете болници кои ги примија повредените. Еден 20-годишен палестински напаѓач, со потекло од окупираниот Западен …

Continue Reading

Украинското раководство ги објасни причините за бавниот напредок на контраофанзивата

Украинското раководство го објасни бавниот напредок на долгонајавуваната контраофанзива со новата цел да ги истроши руските сили. „Во оваа фаза на активни непријателства, украинските одбранбени сили ја исполнуваат задачата број еден: максимално уништување на жива сила, опрема, складишта за гориво, воени возила, командни пунктови, артилериски и противвоздушни сили на руската армија“, напиша секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана …

Continue Reading

Состојба на патиштата

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 04.07 до 08.07.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај Делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) во периодот од 08:00 – 18:00 часот. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август …

Continue Reading

Макрон размислува за контрола на социјалните мрежи

Францускиот претседател Емануел Макрон размислува да ги блокира онлајн медиумите за да се бори против понатамошните немири во Франција. -Неопходно е да се размислува за тоа како младите луѓе кои протестираат ги користат социјалните мрежи и за можните забрани, изјави вчера Макрон на состанокот со градоначалниците во Париз. Според него, ако работите излезат од контрола, можеби ќе треба да се …

Continue Reading

Путин се уште верува во победа во Украина: Нема сомнеж за тоа

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се уште е убеден во победата на Москва во војната против Украина. „Нема сомнеж за тоа“, рече тој во вторникот на средба со дипломирани студенти на Универзитетот за јавна администрација. Рускиот лидер нареди целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Во тоа време, тој ги наведе заштитата на етничките Руси во Украина и …

Continue Reading

Кина е категорично против продажбата на американско оружје за Тајван

Кина категорично се спротивставува на продажба на оружје од САД за Тајван и упати остри предупредувања на кон Вашингтон, соопшти кинеското Министерство за одбрана, пренесуваат британските медиуми. -САД ги игнорираат главните стравувања на Кина, со сила се мешаат во внатрешните работи на Кина и намерно ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, изјави портпаролот на војската на Пекинг. Американскиот Стејт департмент …

Continue Reading

Во Охрид изложба на фотографии од најзначајните културно-историски локалитети во земјава

Во Меморијалната куќа „Христо Узунов“ во Охрид од денеска до 7 јули ќе се одржи изложба на фотографии од голем формат од најзначајните културно-историски локалитети и други аспекти на културното наследство од Охрид и на територијата на Република Северна Македонија. Основната цел на проектот е подобро запознавање и подигнување на јавната колективна свест за промоција, одржување и унапредивање и афирмација …

Continue Reading

Турски театар со премиера на „Слугинки“ од Жан Жене

НУ Турски театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Слугинки“ од Жан Жене, во режија на Сибел Абдиу. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, со превод на македонски јазик. Улогите ги толкуваат Селпин Керим, Џенап Самет и Дин Ибрахим. Кореограф е Александра Кочовска – Начева, композитор Албин Сопа, сценограф Ујза Жури, костимограф Диелза Минци, а визуелен уметник …

Continue Reading

Стопанската комора ќе ги презентира наодите од анализата за сивата економија

Стопанската комора денеска, на тематска прес-конференција насловена „Сивиот дел на македонската економија: големина, импликации, решенија“, ќе ги презентира наодите од анализата за сивата економија. Анализата ја изготвија потпретседателот на Комората Зоран Јовановски и Павле Гацов, даночен експерт и член на Управниот одбор на Комората. Во изработката учествуваше и професорот Александар Стојков. На почетокот на прес-конференцијата ќе се обрати претседателот на …

Continue Reading