Муцунски: Со 30 сезонски билети, набавени од сопствени средства продолжува мојата поддршка за „Комити“ и Вардар

По вчерашната објава на навивачката група „Комити“, градоначалникот Тимчо Муцунски, утрово со сопствени средства набави 30 сезонски билети кои ќе бидат наменети за младите од Аеродром – страсни навивачи на Вардар, кои од каква било причина не се во можност да набават ваков билет. Преку својата објава тој ги повикува вистинските љубители и навивачи на клубот, во текот на денешниот …

Continue Reading

Бектеши со јавна покана до Мицкоски да ја посетат компанијата на Шкумбин Ахмети во Кичево

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати јавна покана до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и заедно со новинарите да одат да ја посетат компанијата на синот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин Ахмети и јавно да бидат презентирани сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент. Бектеши потенцира дека Шкумбин Ахмети има приватна …

Continue Reading

Нема интерес за спасители на вода на струшките плажи

Само две капалишта на струшкото крајбрежје имаат спасители на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, информира секретарот на Струшкиот Црвен крст Адуриме Даути. Обуката за спасители на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја следеле деветмина, кои се стекнале со соодветен сертификат. Но, посочи Даути, во моментот на располагање имале 15-тина спасители …

Continue Reading

Кочански „Водовод“ бара покачување на цените на водата и канализацијата

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани бара согласност од Советот на Општината за покачување на цените за водоснабдување и канализација, што во просек ќе изнесува околу една третина во однос на актуелните цени. Одлуката за промена на тарифата на дел од услугите ја донел Управниот одбор на претпријатието, a се планира значителeн пораст во однос на веќе утврдениот тарифник за …

Continue Reading

МАПАС: Вкупните средства на пензиските фондови во 2022 пораснаа и покрај неизвесното макроекономско и финансиско окружување

Во текот на 2022 година, вкупните средства на задолжителните пензиски фондови забележаа забавен раст од 7,46% и достигнаа 113,54 милијарди денари. Вкупните средства на доброволните пензиски фондови пак забележаа помал раст во однос на вкупните средства на задолжителните пензиски фондови, односно пораснаа за 6,36% и достигнаа 3,05 милијарди денари. Со тоа, учеството на вкупните средства на пензиските фондови во вториот …

Continue Reading

Судската администрација на протест со барање за повисоки плати и исплата на додатоците

Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав, со протест пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска изрази незадоволство поради ниските плати и недобивање додатоци на плата. Горан Ристевски, претседател на НСДА, изјави дека и по неколку средби со претседателот на Судскиот совет немало слух за нивното укажување за брзо и …

Continue Reading

Русија му вратила на Пригожин 10 милијарди рубљи и пет златни прачки

Руските власти на шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој во моментов е во егзил во Белорусија, му ги вратиле одземените 10 милијарди рубљи. Станува збор за парите што беа конфискувани во полициските рации за време на минатомесечното вооружено востание на неговите „Вагнеровци“. Само во Санкт Петербург при полициските рации на неговите канцеларии и имоти беа запленети поголема сума пари, …

Continue Reading

Собранието ќе одржи продолженија на неколку пленарни седници

Собранието денеска ќе одржи неколку седници (68, 51, 61,69, 71, 115) на коишто треба да се отвори дебата за заостанати точки на дневниот ред, а на некои пленарки само да се констатира повлекување на одредени точки. Според информациите на МИА од Собранието, за овие и за точки од други седници за кои е завршена расправата се очекува гласањето да биде …

Continue Reading

Кавадарци распиша конкурс за доделување на наградата ,,7 Септември”

Кавадаречката локална самоуправа распиша конкурс за доделување на наградата „7 Септември“ за 2023 година, по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на градот. Од локалната самоуправа денеска потсетија дека општинската награда се доделува на физички и правни лица како знак на општествено признание на Градот Кавадарци, за остварувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, …

Continue Reading