Во Судот во Охрид повторно не се одржа рочиштето против адвокатот Менкиноски

Пред Основниот суд во Охрид и денеска не се одржа рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски, обвинет за нарушување на јавниот ред и мир со поставувањето знаме со сонцето од Кутлеш во центарот на Охрид. Рочиштето не се одржа поради тоа што пред Судот не се појавија претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против …

Continue Reading

Руте во Приштина: ЕУ не треба да го вперува прстот во „виновникот“ во косовско-српскиот спор

Премиерот на Холандија, Марк Руте, кој заедно со неговиот луксембуршки колега, Ксавиер Бетел, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата држава ги поддржува Косово и Србија на патот на дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите по средбата со косовскиот премиер, Албин Курти, Руте рече дека намалувањето …

Continue Reading

Хуманитарните агенции на ОН со загриженост од обемот на нападот во Џенин и барање Израел да гарантира хуманитарен пристап

Агенциите за хуманитарна помош на ОН денеска изразија загриженост за обемот на тековната операција во градот Џенин на Западниот брег, каде што беа убиени десет Палестинци и рекоа дека има ограничувања за пристапот на медицинските тимови. „Вознемирени сме од обемот на воздушните и копнените операции во Џенин на окупираниот Западен Брег и воздушните напади насочени кон густо населениот бегалски камп“, …

Continue Reading

Почна изградбата на воводна мрежа во штипската викенд населба „Суитлак“

Почна изградбата на првата фаза од изградбата на водоводната линија во викенд населбата „Суитлак“ во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков денеска извршија увид во градежните работи. Штипскиот градоначалник, Јорданов истакна дека во првата фаза е опфатено решавање на водоснабдувањето за околу сто домаќинства, а втората фаза ќе се реализира откако ќе …

Continue Reading

Путин ги уверува азиските сојузници во стабилноста на Русија по бунтот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска им кажа на азиските сојузници дека рускиот народ е пообединет од кога било досега, во неговото прво појавување на меѓународен форум по краткотрајниот бунт од минатиот месец на платеничката група Вагнер на Евгениј Пригожин. „Рускиот народ е поконсолидиран од кога било досега“, рече Путин на виртуелниот состанок на Шангајската организација за соработка, група која ги …

Continue Reading

Тренчевска: Не знам од каде 14 отсто, се разговара за систем за плати

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања денеска рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто,  како што рекоа вчера синдикалните претставници по седницата на Економско-социјалниот совет. -Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто. Се разговара за …

Continue Reading

Приведени две лица во Липковско, кај нив пронајдени фалсификувани пари

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во село Отља, Липковско, ги привеле О.О.(19) и О.М.(21) од Сингелиќ, осомничени за фалсификување пари, соопшти МВР. При контрола кај нив биле пронајдени 450 фалсификувани евра. Полицијата вели дека двете лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Continue Reading

Пригожин: Во блиска иднина, сигурен сум дека ќе ги видите нашите следни победи на фронтот

Евгениј Пригожин рече дека неговите платеници ќе уживаат во „нови победи“ откако успешно се „бореле против предавниците и го мобилизирале општеството“ во нивниот неуспешен воен удар минатиот месец. Водачот на групата Вагнер, кој беше протеран во Белорусија откако маршираше со своите сили на 200 километри од Москва, го прекина молкот во аудио порака на Телеграм. Ова е прва јавна изјава …

Continue Reading

Колева: Случајот „Феникс“ е потврда за тоа колку голема, ултра пералница на пари е Скопје 2014

Во отворената истрага за случајот Феникс од страна на надлежно обвинителство, 15 лица, меѓу кои и поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ се сомничат за злоупотреби на 57 милиони евра за 11 споменици преку Скопје 2014. Ова е уште една потврда за тоа колку голема, ултра пералница на пари е Скопје 2014 и колку голема штета е предизвикана врз грбот на …

Continue Reading