Во Пехчево и следната година ќе функционира дисперзираната паралелка при ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово

Во Пехчево и следната учебна година ќе продолжи да функционира дисперзираната паралелка во склоп на Општинското Средно училиште „Ацо Русковски“ – Берово. Одлуката доаѓа по претходните консултации со учениците и родителите на деветоодделенци од Пехчево, на кои им беше дадена можност да изберат дали Средното образование ќе го продолжат во Берово или во Пехчево. – ОСУ „Ацо Русковски“ Берово, ги …

Continue Reading

Започна првата расправа во постапката за помирување помеѓу Управата за јавни приходи и Солидарност

Во Управата за јавни приходи денеска започна процесот на помирување помеѓу УЈП и синдикалната организација „Солидарност“ со посредство на м-р Илија Манасиев во однос на барањето за зголемување на платите на вработените за 30 проценти. Претседателот на организацијата Солидарност Васе Недановски и директорката на УЈП Сања Лукаревска пред почетокот на средбата во изјава за медиумите изразија надеж за изнаоѓање заедничко …

Continue Reading

Почнува дводневниот протест „Србија против насилството“ со блокади на автопатот во Белград – Нови Сад

Претставниците на опозицијата најавија дека в сабота во 18 часот ќе се одржи протестот „Србија против насилството“ пред ТВ Пинк, а денеска попладне ќе биде блокиран автопатот во Белград на три места, и во Нови Сад на едно место, јави дописникот на МИА од Белград. Копретседателот на партијата Заедно и пратеникот Небојша Зеленовиќ изјави дека денеска ќе се организира блокада …

Continue Reading

Ќамил Ковачи нов директор на ЈП Улици и патишта

Саит Саит денеска е разрешен од директорската функција на Јавното претпријатие Улици и патишта и за в.д директор е поставен Ќамил Ковачи, соопшти прес-службата на Град Скопје. -Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај, се наведува во соопштението.

Continue Reading

Москва и Белград ја договaраат посетата на Дачиќ на Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва и Белград ја договараат посетата на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ на Русија, откако, според него, Западот ја спречил посетата на руската делегација на Србија во 2022 година, јави дописникот на МИА од Белград. -Навистина, Западот го спречи тоа патување, принудувајќи ги соседните земји да не дозволат да …

Continue Reading

Пет невработени лица во Виница ангажирани за извршување општествено корисна работа

Општина Виница се вклучи во проектот за извршување општествено корисна работа, со кој се ангажирани пет невработени лица од евиденцијата на Агенцијата за вработување, кои до март идната година ќе обезбедуваат социјални услуги. Во просториите на Општината се одржа средба со невработените на која беа потпишани договорите за ангажманот, при што беше нагласено дека проектот е резултат на соработката на …

Continue Reading

Прокудин: Три лица загинаа во руското гранатирање на Херсон

Во последните 24 часа по руското гранатирање на регионот Херсон, три лица загинаа, а четворица се повредени, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин на каналот Телеграм. Тој напиша дека непријателот истрелал осум гранати врз градот Херсон. -Руските војници погодија станбени области, објект за дистрибуција на хуманитарна помош и медицинска и образовна институција во градот. Три лица загинаа, а четворица се ранети, …

Continue Reading

Бектеши: Македонија има значаен напредок во процесот на декарбонизација

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тепелена, Република Албанија, учествуваше на неформален министерски состанок на Енергетска заедница, со кој претседаваше Белинда Балуку, вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија, која е земја преседавач со Енергетска заедница за 2023 година. На состанокот воведно обраќање имале и Курт Вандерберг, генералниот директор на Директоратот за климатски активности (DG CLIMA), Мехтилд …

Continue Reading

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата испрати отворено писмо до премиерот Ковачевски

Ве известуваме дека Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата испрати отворено писмо до премиерот Ковачевски, со барање за стопирање на притисокот кон независните институциите во борбата против корупцијата. Писмото во целост го споделуваме со вас: До: Димитар Ковачевски, Претседател на Влада на Република Северна Македонија Предмет: Барање за стопирање на притисокот кон независните институциите во борбата против корупцијата …

Continue Reading