Макрон го напушти Самитот во Брисел и замина на итен состанок во Париз поради немирите

Францускиот претседател Емануел Макрон го напушти Самитот на Европскиот совет во Брисел порано за да се врати во Париз и да одржи итен безбедносен состанок поради немирите во земјата. Макрон ја откажа планираната прес-конференција во Брисел и замина за Париз, јавија француските медиуми. Во текот на ноќта демонстрантите поставија барикади, палеа и фрлаа кон полицијата, која одговори со солзавец и …

Continue Reading

Ѓоковиќ против Аргентинецот Качин на стартот на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе ја почне одбраната на титулата во Вимблдон против Аргентинецот Педро Качин (68 на АТП листата), одлучи денешната жрепка за третиот овогодишен грен – слем турнир. Прворангираниот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија во воведното коло во Вимблдон за противник ќе го има Французинот Жереми Шарди. Во женска конкуренција, најдобрата светска тенисерка Ива Швјонтек од Полска …

Continue Reading

Потпишан договорот за инвестициски грант од 1,5 милиони евра за ФЕ Осломеј 1 помеѓу АС ЕСМ и ЕБОР

АД Електрани на Северна Македнонија денес потпиша договор за инвестициски грант за проектот „Фотонапонска електрана Осломеј I“ со Европска банка за обнова и развој, добиен преку Инвестициската Рамка за Западен Балкан. – Инвестицискиот грант во вредност од над 1.5 милиони евра, предвидено е да биде искористен за финансирање на ставките од грантот, согласно Договорот за набавка и поставување на Фотонапонска …

Continue Reading

ОН: Франција сериозно да се позанимава со прашањето на расизмот и расната дискриминација во полицијата

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека е загрижена поради убиството на тинејџер од страна на полицијата, што предизвика немири низ Франција. „Ова е момент земјата сериозно да се позанимава со прашањето на расизмот и расната дискриминација во полицијата“, рече портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани. Таа го нагласи значењето на „мирното собирање“ …

Continue Reading

Властите во Марсеј ги забранија денешните протести против полициската бруталност

Властите во Марсеј одлучија да ги забранат денешните демонстрации против полициската бруталност по убиството на 17-годишен тинејџер. Според нив, целиот јавен превоз ќе запре во 19 часот. Француското Министерство за внатрешни работи, пак, соопшти дека синоќа за време на насилните демонстрации во Марсеј, Лион, Пау, Тулуз и Лил биле приведени 875 лица.

Continue Reading

Бесими: Мерките постојано се прилагодуваат, тие што трошат помалку струја, ќе плаќаат помалку

Мерките постојано се прилагодуваат на нивото на кризата и обликот на кризата во којашто се наоѓаме и цените што сакаме да ги постигнеме. Со новата методологија се дава можност да се направи таква структура на потрошувачката за да се мотивира штедењето. Не само цената, туку и потрошувачката е дел од тоа. Ова е одговорот на министерот за финансии Фатмир Бесими …

Continue Reading

Првите десет години на Хрватска во ЕУ: Стратешки проекти, економски напредок и одлив на население

Пред точно една деценија, Хрватска стана 28-та членка на Европската унија и оттогаш ги исполни своите најважни стратешки цели и донекаде го намали развојниот јаз со „старите“ членки, но поради отворањето на европските врати за нејзините работници, има и голем одлив на жители. Влезот во ЕУ е еден од најважните настани во историјата на Хрватска, кој заедно со членството во …

Continue Reading

Агенција за филм: Неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје

Поднесените кривични пријави од страна на продукцијата Банана филм Скопје, кон членовите на Управниот одбор и финансискиот советник на Агенцијата за филм, ги сметаме за притисок врз јавноста и врз институциите во период додека се во тек соодветни постапки пред Јавното обвинителство на РСМ и пред Управата за финансиска полиција по поднесените пријави против продукцијата Банана филм ДООЕЛ Скопје. Ова …

Continue Reading

Европол: Уапсен е шефот на криминалната група одговорна за измама на стотици пензионери

Полицијата на Германија, Полска и Велика Британија со поддршка на Европол го уапсила шефот на криминалната мрежа одговорна за измама на стотици постари граѓани, соопшти денеска Европол. Како што се наведува, осомничениот шеф на групата е приведен во близина на Лондон, од каде управувал со мрежа на измамници кои главно биле насочени кон германски и полски граѓани. Во исто време, …

Continue Reading