Вицепремиерката Грковска се сретна со еврокомесарот Хан

Со средбата со еврокомесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, се заокружи работната посета на Брисел на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. Од владината прес-служба соопштија дека Грковска го информирала Хан за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира. -Како …

Continue Reading

Намалувањето на штетите мора итно да се усвои, заклучија експертите на Глобалниот форум за никотин – GFN23

Меѓународни експерти за јавно здравје, научници, лекари, регулатори, потрошувачи и производители дискутираа во текот на минатата недела (21 до 24 јуни) во Варшава за новите начини за справување со болестите поврзани со пушењето. На 10. издание на годишниот Глобален форум за никотин (GFN23), oколу 70 говорници и стотици делегати, вклучувајќи и луѓе кои ги оставиле цигарите преку префрлање на побезбедни …

Continue Reading

Најавени градежни активности за подобрување на системот на водоснабдување на седум населени места во општина Сарај

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска најавија почнување на градежни активности за реализација на проектот за подобрување на системот на водоснабдување на седум населени места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарце, Семеништа и Чајлане, во општина Сарај. Градежните активности започнуваат со изградба на нова препумпна станица во близина на Рашче, потисни цевководи кон …

Continue Reading

САД: Непочитувањето на Уставниот суд ја загрозува безбедноста и просперитетот на БиХ

Стејт департментот објави дека непочитувањето на Уставниот суд на БиХ и неговите одлуки од страна на Република Српска го загрозува не само владеењето на правото и стабилноста, туку и безбедноста и просперитетот на БиХ. Во врска со Законот за неизвршување на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој беше усвоен од Собранието на Република Српска на 27 јуни, …

Continue Reading

Врховниот суд на САД гласаше против примена на позитивна дискириминација при упис во американските универзитети

Врховниот суд на САД не дозволи примена на програми за полесен прием на студенти во Харвард и во Универзитетот на Северна Каролина засновано на расната припадност, укажувајќи дека тие правила го прекршуваат Уставот. Гласањето синоќа беше поделено по идеолошка линија со гласот на претседателот на Уставниот суд Џон Џ. Робертс во полза на конзервативните членови, при што либералните останаа во …

Continue Reading

Речиси една третина од Американците ќе почувствуваат лош квалитет на воздухот поради шумските пожари во Канада

Речиси една третина од Американците ќе вдишат лош квалитет на воздухот денеска бидејќи чадот од шумските пожари во Канада го исполнува небото над Средниот Запад и Истокот, предизвикувајќи нездрави, а на некои места и опасни услови. Предупредувањата за квалитетот на воздухот беа во сила до полноќ за делови од САД од Висконсин и северен Илиноис до Мичиген и се протегаа …

Continue Reading

Истражување на фондацијата Конрад Аденауер: Поддршката за НАТО зголемена на 65,7 проценти, за ЕУ на скоро исто ниво, 62,3 проценти

Поддршката на членството на Македонија во НАТО од 2021 година континуирано се зголемува правејќи кумулативна позитивна разлика од 5,9 проценти и во апсолутна смисла денес таа изнесува 65,7 проценти. Европските интеграции на Македонија ги поддржуваат 62,3 проценти, што претставува резултат кој е на скоро исто ниво од претходното истражување во 2022 година, кога таа поддршка изнесуваше 62,8 проценти. Ова се …

Continue Reading

Пожар во зградата на „Тифани“ во Њујорк

Пожар ја зафати зградата на „Tiffany & Co“ на Петтата авенија на Менхетен, чие реновирање чинеше 500 милиони долари. Засега не се знае што го предизвикало пожарот. Според првичните информации, нема повредени иако дел од вработените се пренесени со амбулантни возила, јавија локалните медиуми. Пожарот е регистриран во 9.38 часот утрото по локално време, во момент кога вработениоте се подготвувале …

Continue Reading

Европскиот совет ја поддржува идејата на Рама за одржување меѓународна конференција за Косово и Србија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја поддржа идејата за одржување меѓународна конференција за Косово и Србија, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји, кои предизвикаа загриженост на Западот, јави Топ чанел. – Ја поддржуваме и идејата што поскоро да се организира конференција – заедно со некои земји-членки на ЕУ. Мислам дека е дојдено време да се има …

Continue Reading