Русија покрена обвинение против 160 странски државјани

Руската Федерација покрена обвинение за, како што тврди, 160 платеници од 33 земји кои дејствуваат во име на украинските сили, јавија руските медиуми. „Во заедничката истрага на Министерството за одбрана на Руската Федерација и другите оперативни служби, собравме докази за учество на платеници од Грузија, САД, Латвија, Шведска и други земји. Во моментов се води постапка против 160 странци од …

Continue Reading

Јапонија, Германија и Франција испраќаат ровер до сателитот на Марс, Фобос

Меѓународен тим истражувачи предводени од Јапонија наскоро ќе испратат мал роботизиран ровер на Марсовиот природен сателит Фобос. Јапонија, Германија и Франција имаа потпишано договор за развој на роверот и истражување на Фобос. Роверот ќе биде лансиран како дел од јапонската мисија за истражување на месечините на Марс (ММX) и ќе работи на површината на Фобос со ниска гравитација. Роверот беше …

Continue Reading

Во Канада пуштен првиот водороден воз во сообраќај

Во Канада првиот патнички воз во Северна Америка со погон на водород беше пуштен во сообраќај. Сепак, францускиот патнички воз е „краткорочна демонстрација“, што значи дека ќе сообраќа до крајот на септември со цел поттик“ на усвојувањето на овој вид патувања во Канада и САД. – Мислам дека најважно е да се подигне свеста на луѓето, кои ќе се навикнат …

Continue Reading

Во Скопје изречени 254 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 254 возачи. – Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на …

Continue Reading

Претрес во Тетово, пронајдена муниција, приведено едно лице

Полициски службеници на СВР Тетово вчера, околу 17.00 часот, го лишиле од слобода 57-годишниот тетовец Д.К, во чиј дом била пронајдена муниција. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, му биле пронајдени и одземени: 67 куршуми калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловечка пушка и 6 други куршуми од различен калибар, …

Continue Reading

Намален водостојот на Дојранското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостоите на трите езера се пониски од просекот за јуни и тоа за пет сантиметри кај Охридското Езеро, за 75 сантиметри кај Дојранското …

Continue Reading

Каевски: Силна поддршка од Германија и гаранции од Шолц – нема нови условувања

Посетата на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на Германија, донесе дополнителни придобивки за државата и нашата европска иднина. Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека нови услови, нови пречки на европскиот пат нема да има. Дополнително, тој јасно ја нагласи големата почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна …

Continue Reading

Тренчевска: Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција, секој има право на протест

Законот за родова еднаквост не е исто што и Законот за матична евиденција. Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста на трансродово лице да може да ја смени ознаката во матичниот број онаму каде што се обележува родот, а Законот за родова еднаквост се фокусира на унапредување на положбата на жените во општество. Не губиме ништо од …

Continue Reading

АВМУ: Осуда за вербалните закани упатени кон новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува вербалните закани упатени кон сите новинари и медиумски работници, вклучувајќи го и новинарот Огнен Јаневски искажани во две контактни емисии на ТВ 24. Сите форми на напади врз новинарите се апсолутно неприфатливи и претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Медиумите се чувари на јавниот интерес …

Continue Reading