Почна пријавувањето на штетите од невремето во Кочани

Општина Кочани упати повик до сопствениците на индивидуални станбени згради, на магацински простории и други објекти кои беа поплавени или претрпеа штети од невремето на 17 и 25 јуни, да поднесат пријава до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди. Образецот за пријавата граѓаните можат да го подигнат од едношалтерската канцеларија во зградата на Локалната самоуправа или да го …

Continue Reading

Државниот секретар во МНР, Тосевски, се сретна со лидерот на МАЕИ, Стерјовски

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Филип Тосевски, во просториите на МНР го примил лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, потврди за МИА, Стерјовски. За средбата објави и Тосевски на Фејсбук. -Одлична средба и тричасовна размена на мислења за македонските работи и за предизвиците на нашите браќа и сестри од македонската заедница во Албанија со …

Continue Reading

,,Мала Америка” во Кавадарци, ставен камен темелник за мол и три станбени згради инвестиција од 30 милиони евра

Стартуваше ,,Мала Америка” во Кавадарци, денеска беше ставен камен темелник за мол и три станбени згради, инвестиција од 30 милиони евра, на кавадарчанецот Трајче Ристовски – Зуко, кој со своето семејство живее и работи во Америка повеќе од 20 години. – На атрактивна површина од околу 12.000 м2 во Општина Кавадарци започнува изградба на современ станбено-деловен комплекс LA Shopping and …

Continue Reading

Новата грчка Влада ја одржа првата седница, министрите добија сини папки со приоритети и реформи

Сини папки со приоритетите во секој сектор, исто како и во 2019 година, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис им достави на сите министри за време на денешната прва владина седница, на која порача дека потребна е многу работа и дека мм служат на јавниот интерес и на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. -Немаме апсолутно никакво право да ги разочараме …

Continue Reading

Лукашенко со детали за текот на преговорите со Пригожин

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека го убедил претседателот на Русија, Владимир Путин, да не го „збрише“ основачот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Лукашенко, по церемонијата на предавање на еполетите на високи офицери, ги кажа деталите за тоа како се одвивале преговорите на 24 јуни во контекст на обидот за вооружен бунт на приватната воена компанија „Вагнер“, …

Continue Reading

Левица: Децата со попреченост и понатаму без образовни асистенти

Обезбедувањето образовна асистенција во средните училишта остана заглавена во новиот Закон за средно образование, кој со години е во собраниска процедура и кој очигледно не претставува приоритет за Владата наспроти законите кои експресно со европски знаменца се носат во Собранието. Република Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост е обврзана да создаде услови за промовирање, заштитување …

Continue Reading

Приведен 34 годишен кумановец

Полицијата во Куманово вчера привела 34 годишен кумановец. При претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од марихуана, дробилка и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“, откако претходно бил пријавен од неговата сопруга за физички напад. По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти …

Continue Reading

Бајден во Чикаго ќе одржи говор за визијата за економски просперитет на Америка

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Чикаго ќе одржи клучен говор за визијата за економски просперитет на Америка. Важен дел од оваа визија е да се оданочуваат богатите и да се инвестираат така добиените пари во области поврзани со националната безбедност, како што е индустријата за полупроводници, пренесуваат светските агенции. Бајден ќе инсистира и на едукација на работната сила и …

Continue Reading

Објавен романот „Русинката“ од Џиб Михаеску

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Русинката“ на познатиот романски писател Џиб Михаеску, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова. „Русинката“, како што сметаат издавачите, е еден од најдобрите воени романи, иако во него нема борбени дејства, преовладува романтичниот порив спрема жената, во кој е одразена трагичната реалност на последиците од револуцијата, дури и кога таа се случила на …

Continue Reading