Проект и камп за обука на „Заводот и музеј – Охрид“ за јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот регион

Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“ стартуваше со реализација на проектот „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“, вреден 55 илјади долари средства обезбедени преку УНЕСКО. Станува збор за проект што …

Continue Reading

Бајден ја покани Мелони да ја посети Белата куќа во јули

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во телефонски разговор ја покани италијанската премиерка Џорџа Мелони да го посети Вашингтон во јули, соопшти Белата куќа, додавајќи дека двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Русија. „Претседателот Бајден ја покани премиерката Мелони да ја посети Белата куќа во јули“, се вели во соопштението, без да се прецизира дали Рим ја прифатил поканата. Американскиот …

Continue Reading

Изложба „Бели лаги“ на уметникот Методија Јованов во МКЦ

Самостојната изложба „White Lies/Бели лаги“ на 25-годишниот уметник Методија Јованов вечер, во 20 часот, ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ). Како што информира МКЦ, „Бели лаги“ навлегува во сложениот концепт на измама, прикажувајќи колекција од 13 слики на Јованов. Изложбата ги предизвикува гледачите да се сомневаат во нивното разбирање за вистината и лагата. Јованов вешто ја …

Continue Reading

Повеќе од илјада цивили во Авганистан убиени во напади од август 2021 година до мај годинава

Повеќе од илјада авганистански цивили се убиени во бомбашки напади и други насилства откако странските сили ја напуштија земјата и талибанците ја презедоа власта во 2021 година, се наведува во денешниот извепштај на мисијата на ОН во Авганистан. Помеѓу 15 август 2021 година и мај годинава, според Мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА), биле убиени 1.095 цивили, а 2.679 биле …

Continue Reading

ССК дел од разговорите на високо ниво „Бизнисот и човековите права“ во Женева

Во рамките на 13-тото светско собрание на трговски комори, а по повод 75 годишнината од донесувањето на универзалната декларација за човекови права, претседателот на ССК Трајан Ангелоски, со потпретседателите Горан Ѓорѓиевски и Сашо Дукоски учествуваа на дискусија со тема „Бизнис и човекови права“ што се одржа во седиштето на организацијата на Обединети нации во Женева. Организатори на оваа дискусија беа …

Continue Reading

Курти телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа телефонски разговарал со американскиот државен секретар Ентони Блинкен за ситуацијата на северот на Косово и нормализацијата на односите со Србија, соопшти Владата на Косово. Курти и Блинкен разговараа за дијалогот со канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел за деескалација и нормализација, како и за средбата во четвртокот минатата …

Continue Reading

Си-Ен-Ен објави аудио-снимка на која Трамп говори за чувањето тајни документи што не се декласифицирани

Си-Ен-Ен ексклузивно објави аудио-снимка од 2021 година во која поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Њу Џерси разговара за чувањето тајни документи што не се декласифицирани. Аудио-снимката, првпат беше емитувана на Си-Ен-Ен, содржи нови детали од разговор, што е исто така клучен доказ во обвинението на специјалниот советник Џек Смит против Трамп, кој е обвинет за лошо ракување со доверливи …

Continue Reading

Во пресрет на Курбан бајрам подигнати 130 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба

Десетина диви депонии во општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба се расчистени во текот на минатиот викенд, од екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје. Како што соопштија од Јавното претпријатие, отстранетите диви депонии беа лоцирани на улиците Ферид Мурат – во близина на Пензионерскиот дом и Самоилова – до Скопското муфтиство, на булеварите Александар Македонски – кај населеното место …

Continue Reading

„Нè чека пат“ – нова книга поезија од Санде Стојчевски

„Нè чека пат“ е насловот на најновата поетска книга од современиот македонски поет и литературен критичар Санде Стојчевски која излезе деновиве од печат во издание на „Дијалог“ од Скопје. Поетот, критичарот и есеистот Санде Стојчевски, како што наведува издавачот, е препознатлив со исклучителна творечка посветеност, која се открива како вистинска опсесија со текстот. Тој е осведочен лиричар, но и компетентен …

Continue Reading