Нема конечни резултати од изборите во Црна Гора, разговорите за новата влада ќе почнат по нивното објавување

Државната изборна комисија (ДИК) на Црна Гора соопшти дека не се исполнети законските услови за објавување на конечните резултати од парламентарните избори во таа земја. Претседателот на ДИК, Никола Мугоша, изјави дека одредени жалби се уште се без епилог, „поради што е невозможно да се соопштат резултатите“. Од Движењето Европа сега, кое според првичните резултати освои најмногу гласови, соопштија дека …

Continue Reading

Во Струмица отворен Клуб за деца и младинци со Даунов синдром и нивните семејства

Здружението на граѓани за помош и поддршка на лицата со Даунов синдом „Вера“ од Струмица, во партнерство со Општина Струмица, денеска отвори Клуб за деца и младинци со Дауонов синдром и нивните семејства, „Деца на сонцето“. Клубот е сместен во Повеќенаменскиот социјален центар, каде децата со помош на стручни лица ќе имаат воннаставни активности четири часа од понеделник до петок, …

Continue Reading

Нивото на водата во Охридското Езеро пет сантиметри под просекот за јуни

Интензивните врнежи од дожд изминатите денови значително придонесоа за подобрување на хидролошката состојба на Охридското Езеро, чие ниво се приближува кон јунскиот просек. Според последните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,60 метри надморска височина, што е на пет сантиметри под просекот за јуни (693,65 м.н.в) …

Continue Reading

Гауденци реизбран за претседател на АТП

Италијанецот Андреа Гауденци е реизбран на местото претседател на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП), објави синоќа организацијата. Гауденци застана на чело на АТП во 2020 година, а неговиот мандат сега е продолжен до 20206. Под негово водство дојде до зголемување на наградниот фонд во машкиот тенис за 37.5 милиони долари оваа година, што е најголем скок во историјата на тенисот …

Continue Reading

Вицепремиерката Грковска во работна посета на Брисел

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Славица Грковска, од денеска е во работна посета на Брисел, каде што ќе има низа средби со високи претставници на европските институции. Во рамки на посетата, како што соопштуваат од Владата, планирани се поединечни средби на Грковска со Вера Јурова – комесар за вредности и транспарентност и Јоханес Хан – комесар …

Continue Reading

Милатовиќ: Европската интеграција е главниот катализатор на реформите во регионот

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ е домаќин на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Подгорица, со кој завршува претседавањето на таа земја со оваа регионална иницијатива. На отворањето, Милатовиќ рече дека денешната средба ја потврдува годината која донесе бројни предизвици, со што, како што рече, уште поочигледна е важноста на блиската соработка и партнерство за …

Continue Reading

ЕЦБ ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули, најави Кристин Лагард

Европската централна банка (ЕЦБ) ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во јули за да се бори против инфлацијата во еврозоната, изјави нејзината претседателка Кристин Лагард за време на централниот банкарски форум во Синтра, Португалија. – Нашата работа не е завршена. Доколку не видиме значителна промена во изгледите, ќе продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки во јули, истакна таа. Во …

Continue Reading

Анализа откри присуство на жива, пестициди, пластификатори во косите на француските сенатори

Жива, пестициди, пластификатори, па дури и ретки елементи – овој коктел може да се најде во косите на француските сенатори, јавија француските медиуми. Тоа се нагласува во резултати од анализата на косата на 26 француски сенатори. Во јули минатата година, тие истрижаа прамен од косата и го доставија на анализа во приватната и независна лабораторија „TocSeek“, што детектира во основа …

Continue Reading

Лукашенко нареди целосна борбена готовност поради обидот за оружен бунт во Русија

Поради обидот за вооружен бунт во Русија, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, издаде наредба за ставање на армијата во целосна борбена готовност. „Ги дадов сите наредби армијата да се подигне во состојба на целосна борбена готовност“, рече Лукашенко денеска во Минск, на церемонија на која именуваше генерали. Според Лукашенкo, граѓаните на Белорусија со загриженост го следele обидот за бунт во …

Continue Reading