Собранието треба да ја продолжи 117. пленарна седница

Во Собранието денеска треба да продолжи 117. пленарна седница. Пратениците ќе треба да се изјаснат за Предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за избор на претседател и членови на Комисијата за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, како и за Предлог-одлуката за објавување оглас за именување на претседател и членови на Комисијата за одлучување во управна …

Continue Reading

Народниот правобранител ќе го презентира извештајот за состојбите во затворите и психијатриските болници

Народниот правобранител Насер Зибери денеска ќе го презентира извештајот за состојбите во затворите и психијатриските болници во 2022 година. Станува збор за извештај насловен Национален превентивен механизам (НПМ) за 2022 година. Презентацијата ќе се одржи во просториите на Народниот правобранител.

Continue Reading

Сончево со мала до умерена облачност, температура до 32 степени

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. УВ индексот ќе …

Continue Reading

Без струја дел од општините Кисела Вода, Центар и Сарај

ЕВН известува дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на општините Кисела Вода, Центар и Сарај. Во селото Крушопек во општина Сарај, корисниците ќе бидат без струја и денеска и утре. Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Партениј Зографски“, „Церска“, „Црниче“, „Христо Узунов“, „Славејко …

Continue Reading

Струшкиот градоначалник и купувањето на „Соравија“ во фокусот на политичките случувања викендот

Ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа на САД и купувањето на трговскиот центар „Соравија“ од страна на внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот беа во фокусот на политичките случувања во земјава. Премиерот Димитар Ковачевски вчера не кажа дали разговарал со Ахмети за овие два случаи и упати одговорите да се бараат во Обвинителството. Опозицијата, пак, …

Continue Reading

Австралија обезбедува речиси 74 милиони долари нова помош за Украина

Австралиската влада ќе и обезбеди на Украина нова помош во вредност од 73,5 милиони долари за одбрана од руската инвазија, изјави премиерот на земјата Ентони Албанезе. Помошта ќе опфати 28 оклопни возила М113, 14 возила за специјални операции, 28 камиони со средна големина и 14 приколки. „Австралија е цврста во својата одлука да ги осуди и да се спротивстави на …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е понеделник, 26 јуни 2023 година, 177-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 188 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 14 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, а ќе зајде 31 минута …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 јуни. Денеска е Св. маченичка Аквилина. Света Аквилина се роди во градот Вивлос, Палестина, во христијанско семејство. Веќе на свои 10 години таа беше силно утврдена во христијанската вера. Во тоа време започна Диоклецијановиот прогон. Некој ја пријави Аквилина, која тогаш имаше 12 години, на царскиот намесник …

Continue Reading

Мицотакис денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада и ќе положи свечена заклетва

По вчерашната убедлива победа на Нова демократија на парламентарните избори и освоените 158 пратенички места што обезбедуваат парламентарно мнозинство за формирање Влада, лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис денеска ќе положи свечена заклетва и повторно ќе ја преземе премиерската функција, јави дописничката на МИА од Атина. Првично, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу ќе се сретне со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, …

Continue Reading