Еурофарм Пелистер ја раскина соработката со Црногорецот Радовиќ

Досегашниот капитен на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ, ги напушти редовите на македонскиот ракометен шампион, откако битолскиот клуб објави синоќа дека спогодбено ја раскина соработката со црногорскиот репрезентативец, една година пред истек на договорот. -Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во …

Continue Reading

Заловување на бездомни кучиња во општина Центар

Заловувачкиот тим на ЈП Лајка оваа недела ќе започне со стратешко заловување во општина Центар. Тимот ќе се обиде да го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овој реон, а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од Лајка. Ќе бидат посетени следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар …

Continue Reading

Мицотакис го доби мандатот за формирање Влада, попладнево ќе биде соопштен новиот владин состав

Ќе составам Влада која напорно ќе работи и ќе има мерливи резултати и се надевам дека ќе има можност од утре да положи свечена заклетва за веднаш да започне со работа, порача лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која му го додели мандатот за формирање Влада, јави дописничката на МИА од Атина. …

Continue Reading

Курбан Бајрам – 28 јуни, неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед

Првиот ден од Курбан Бајрам, 28 јуни (среда) е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството, на граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Курбан Бајрам.

Continue Reading

Претседателката на Грција ги доби официјалните резултати од вчерашните парламентарни избори

Претседателот на грчкиот Парламент Константинос Тасулас, утрово ѝ ги достави официјалните резултати од парламентарните избори на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која во продолжение ќе го прими лидерот на Нова демократија, партијата победник, за да му го додели мандатот за формирање Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Тасулас на средбата истакна дека од службената министерка за внатрешни работи ги …

Continue Reading

РСЕ: Ослободени тројцата припадници на косовската полиција уапсени во Србија на 14 јуни

Тројцата припадници на косовската полиција, кои беа уапсени на 14 јуни во Србија, се ослободени, јави Радио Слободна Европа. Првиот секретар на Канцеларијата за врски на Косово во Белград, Фатмир Хаџоли, денеска на ФБ објави дека тројца косовски полицајци денеска ќе се појават пред судот во Краљево. Приштина тврди дека полицајците биле киднапирани од територијата на Косово, а од Белград …

Continue Reading

Синдикатот на УЈП очекува да ги повика помирувачот, доколку не се најде решение ќе се активира генералниот штрајк

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) очекува да ги повика помирувачот за да изнајдат решение за нивното барање за зголемување на платата за 30 отсто какво што неодамна добија дел од вработените во Министерството за финансии. -Помирувачот што ние го предложивме веднаш беше прифатен од Министерството и чекаме да не повика на разговор. Тој е должен во рок од …

Continue Reading

Столтенберг: Бунтот на „Вагнер“ ја покажува големата стратешка грешка на Москва

Прекинатиот бунт на платеничката група „Вагнер“ во Русија покажува дека Москва направила стратешка грешка со започнувањето војна против Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Настаните од викендот се внатрешно руско прашање и уште една демонстрација на големата стратешка грешка што ја направи претседателот Владимир Путин со нелегалната анексија на Крим и војната против Украина“, изјави тој за време …

Continue Reading

Зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро

За по еден сантиметар се зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа водостоите на трите природни езера во земјава се пониски од просечните за јуни и тоа за пет сантиметри …

Continue Reading