Земјотрес со јачина од 4,18 степени регистриран во Албанија

Земјотрес со јачина од 4,18 степени според Рихтеровата скала е почувствуван околу пладне во Албанија. Епицентарот е во Чарчов, кај јужниот град Ѓирокастро. Земјотресот бил регистриран на длабочина од 10 километри.

Continue Reading

Новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис положи свечена заклетва

Во присуство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и пред поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис положи свечена заклетва како нов премиер на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. На свеченоста во Претседателската палата Мицотакис пристигна со неговата сопруга и трите деца, а присутни беа и неговите сестри меѓу кои и поранешната …

Continue Reading

Во Данска почна обуката на украинските пилоти за авионите Ф-16

Владата на Данска денеска соопшти дека започнала обуката на украинските пилоти за авионите Ф-16. Вршителот на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен изјави дека Данска, членка на НАТО „презеде чекор за започнување на обука и понатамошно образование за украинските пилоти“. – Ние исто така ќе разгледаме дали треба да дадеме конкретна донација од данските авиони Ф-16 на Украина и …

Continue Reading

Изложбата „Супстрати“ – дел од културната програма на Отворен Балкан

Во рамки на културната програма на иницијативата Отворен Балкан, на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз, ќе биде отворена изложбата „Супстрати“, под покровителство на mинистерствата за култура на Северна Македонија, Србија и Албанија. Куратор на изложбата е Клаудија Пецолд, основач на порталот за подигнување на свеста за преобразба на природното и културно наследство Curating Evolution, која фокусирајќи …

Continue Reading

Гундоган две години во Барселона

Германскиот фудбалски репрезентативец Илкај Гундоган од денеска е нов член на Барселона откако стави потпис на договор на две години, соопшти каталонскиот клуб. Гундоган (32) потпиша договор до јуни 2025, со опција за продолжување на соработката за уште една година, а Барселона вклучи откупна клаузула во договорот од 400 милиони евра. Германскиот фудбалер доаѓа во Барселона како слободен играч од …

Continue Reading

ЕУ одобри 3,5 милијарди евра за воена помош за Украина

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска одобрија издвојување на 3,5 милијарди евра за фондот од кој Брисел издвојува пари за испорака на оружје за Украина. „Советот (ЕУ) денеска донесе одлука за зголемување на вкупната финансиска граница на Европскиот фонд за мир ЕПФ за 3,5 милијарди, врз основа на претходен договор од 20 март 2023 година. Оваа одлука …

Continue Reading

Германија подготвена да распореди 4.000 војници во Литванија

Германските власти денеска соопштија дека се подготвени да стационираат 4.000 војници во Литванија, откако балтичката земја го повика НАТО да го зајакне своето источно крило. „Германија е подготвена трајно да стационира робусна бригада во Литванија“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус при посетата на Вилнус Тој нагласи дека постои услов за тоа – Литванија да биде изградена на неопходна …

Continue Reading

Анкета: Рекорден број Американци не би гласале ниту за Бајден ниту за Трамп

Според истражувањето на агенцијата Ес-ес-ер-ес (Social science research solution) изработена за Си-ен-ен, „историски број Американци“ не сакаат ниту актуелниот американски претседател Џо Бајден, ниту неговиот претходник Доналд Трамп да победат на изборите за Белата куќа следната година, објави весникот „Хил“. Резултатите од анкетата покажуваат дека 33 отсто од учесниците го поддржуваат Трамп, додека 32 проценти го поддржуваат Бајден. Сепак, 36 …

Continue Reading

МЖСПП: Одлуката за целосна забрана на пластични и оксобиоразградливи кеси ќе стапи во сила на 1 јули 2024 година

Одлуката за целосна забрана за пуштањето на пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјава ќе стапи во сила на 1 јули 2024 година, а не на 1 јули годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). -Согласно Правилникот за изменување на правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за …

Continue Reading