Намалување на ризиците или дистанцирање: како Германија планира да ги редефинира односите со Кина?

Додека германското Министерство за надворешни работи ја финализира стратегијата на својата влада за Кина и се обидува да ги надмине најновите несогласувања околу најсоодветната политика за справување со „земја партнер и противник во исто време“, кинескиот премиер Ли Чијанг и големата министерска делегација ќе ги посетат Берлин и Минхен, каде веќе почнаа консултациите на ниво на влади на двете земји, …

Continue Reading

Бајден и Моди ја поздравија новата ера на односи помеѓу САД и Индија

Американскиот претседател Џо Бајден и индискиот премиер Нарендра Моди на синоќешната средба во Белата куќа ја поздравија новата ера во односите на нивните земји и најавија договори насочени кон спротивставување на кинеското глобално влијание. – Партнерството е посилно, поблиско и подинамично од кога било досега, истакна Бајден на заедничката прес-конференција со Моди, додавајќи дека трговијата е повеќе од двојно зголемена …

Continue Reading

Рускиот Врховен суд одби жалба на Навални

Врховниот суд на Русија вчера ја одби жалбата на опозиционерот Алексеј Навални, во која се жалише дека затворот не му обезбедил опрема за пишување. Навални е осуден на 11,5 години затвор поради наводна измама и други обвиненија за кои тврди вели дека биле измислени за да го замолчат. Нему му се суди за голем број други кривични дела, за кои …

Continue Reading

Зеленски: Очигледно, радијацијата не прашува кој е неутрален и може да стигне до кого било во светот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Украина на меѓународните партнери им доставила целосни информации за ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје и акциите на руските сили. -Одржавме брифинг за нашите партнерски земји за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје. Имаше претставници на земјите од Г7 и Г20, како и претставници на меѓународни организации. Овде, во канцеларијата, изјави украинскиот претседател. „Дирекцијата на Генералното …

Continue Reading

Балетот „Ана Каренина“ вечер во НОБ

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер и на 26 јуни ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Ана Каренина“, со избрана музика од Петар Илич Чајковски. -Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од Хрватска, минималистичката, но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст …

Continue Reading

Соборен дрон во руската област Курск, сирени за воздушни напади низ цела Украина

Од рано утринава завиваат сирените за воздушна опасност на повеќе места ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала. На каналите на Телеграм има објави за експлозии во неколку региони, од Лавов на запад, до Херсон на југ, но нема потврди за жртви, пишуваат британските медиуми. Руската противвоздушна одбрана доцна синоќа соборила беспилотно летало над јужниот руски …

Continue Reading

Со доделување благодарници и признанија вечер завршува фестивалот „Стихувалки 2023“

Завршната манифестација на шестиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2023“ ќе се одржи денеска во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. На свеченоста ќе биде промовирана збирката со поетски творби и ќе им бидат поделени признанија на сите 92 застапени автори, како и благодарници на помагатели и учесници. По распишаниот конкурс за објавување поетски творби во збирката, аплицираа …

Continue Reading

Работилница „Преводот како движење меѓу културите“

Во рамки на проектот „Превод во движење“, издавачката куќа „Готен“ денеска, утре и задутре во кафе-книжарницата Буква во Скопје ќе организира работилница за книжевен превод „Преводот како движење меѓу културите“. Како што најави издавачката куќа, работилницата ќе опфати различни формати – работа на конкретен превод, презентации, разговори со преведувачи и уредници на издавачки куќи, дебати и дискусии. Предавачи на работилницата …

Continue Reading

Почнува фестивалот „Запознај ја Преспа“

На тромеѓето на Преспанското Езеро почнувајќи од вечер до 25 јуни ќе се одржи автентичен фестивал „Запознај ја Преспа“, кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион. Како што е најавено, фестивалот почнува во селото Брајчино, сместено на падините на Пелистер, каде уметникот Никола Узуновски подготвува изложба и еко-арт инсталации во природа. …

Continue Reading