Промоција на монографијата „Илинденската споменица“ од Кочо Топузоски

Монографијата „Илинденската споменица“ од Кочо Топузоски вечер ќе биде промовирана во паркот на книгата на Матица Ексклузив во Скопје. За содржината на ова издание на издавачката куќа „Панили“ ќе зборува поетот и пубицист Георги Барбаровски. Кочо Топузоски (Крушево, 1951) повеќе децении ги проучува историските процеси на Крушево и ги афирмира најзначајните личности од Илинденското востание и Крушевската Република. Автор е …

Continue Reading

Одредена мерка притвор за уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез

Мерка притвор им е одредена на деветтемина уапсени Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица во морскиот дел во близина на Пелопонез, под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина. Уапсените вчера беа изведени пред истражен судија и обвинител во грчкиот град Каламата, а според грчката новинска агенција АНА-МПА по маратонското сослушување што траело 13 часа, било …

Continue Reading

ИСВ: Белорусија го смени Уставот, се откажа од неутралноста

Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својот последен извештај наведува дека белорускиот Генералштаб потврдил дека земјата го променила текстот на Уставот, а тоа го направи за да се откаже од својата неутралност и нуклеарен статус. Заменик-началникот на белорускиот Генералштаб, полковник Андреј Богодел вчера изјави дека Белорусија, за да одговори на „надворешните предизвици и закани“, ги направила неопходните измени на …

Continue Reading

Без вода дел од Момин Поток

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Скупи“ бб (во близина на стаклара Вамаско), без вода ќе бидат околните објекти-Момин Поток. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Болсонаро утре ќе се појави пред Врховниот суд на Бразил

Поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро утре ќе се појави пред Врховниот суд во Бразилија. Тој е обвинет дека ја злоупотребил својата положба кога поканил странски амбасадори во Бразил и изнесувал неосновани тврдења за закани за гласачкиот систем. Доколку Болсонаро го загуби случајот пред Врховниот суд, би можела да му биде забранета политичка активност и да се кандидира за политичка …

Continue Reading

Санкционирани 271 возач во Скопје, 87 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот вчерашниот ден санкционирал 271 возач на територија на главниот град. -Од изречените мерки, изречени се 87 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 36 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се седум санкции за …

Continue Reading

МЗШВ: Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. Корисници на овие субвенции можат да бидат земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, …

Continue Reading

Американската „Теламон“ ќе отвори нов производствен погон во близина на Скопје

Американската компанија „Теламон“ денеска ќе го отвори новиот производствен погон во близина на Скопје. Производствениот погон е со површина од 2.100 метри квадратни и во него ќе се произведуваат електрични кабли за автомобилската индустрија. Се очекува да бидат отворени 300 нови работни места. На отворањето на погонот најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на „Теламон …

Continue Reading

Седумгодишник со пиштол убил петгодишно дете

Седумгодишник застрела и уби петгодишно дете во дом во источен Кентаки. Прелиминарната истрага покажа дека пукањето во понеделникот вечерта во домот во Меки било несреќен случај, соопшти денеска државната полиција на Кентаки. Преземени се мерки за спасување, но судскиот вештак во округот Џексон констатирал смрт на детето на местото на настанот. Според полицијата, истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат …

Continue Reading