Руската морнарица добива две нови нуклеарни подморници

Руската морнарица ќе добие две нови нуклеарни подморници до крајот на годината. Директорот Обединетата бродоградежна корпорација Алексеј Рахманов, изјави дека стратешкиот нуклеарен ракетен крстосувач Цар Александар Трети и повеќенаменската нуклеарна подморница Краснојарск ќе бидат оперативни до крајот на 2023 година.

Continue Reading

Делегација на ССК учествува на 13. Светски коморски конгрес во Женева

Делегација на Сојузот на стопански комори (ССК) предводена од претседателот Трајан Ангелоски и потпретседателите Горан Ѓоргиевски и Сашо Дуковски од денеска до 24 јуни учествува на 13. Светски коморски конгрес во Женева, Швајцарија. Темите кои се дискутираат на Конгресот се осврнуваат на најзначајните актуелни глобални прашања, тргнувајќи од тоа дека меѓународната економија е клучна за унапредување на политичката соработка меѓу …

Continue Reading

При претрес во Радовиш пронајдена марихуана

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера го лишиле од слобода 47-годишниот радовишанец М.К., откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Како што соопшти МВР, тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Доделени 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори во Прилеп

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги додели првите 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој. Решенијата беа доделени на земјоделци од Прилеп и околните прилепски села. По приемот на решенијата земјоделците имаат рок до 10 дена да ги посетат просториите на Агенцијата за …

Continue Reading

Костадин Костадинов: Ставам ништовност и вето за невладините кои се занимаваат со моето право на верување во Бога

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов реагираше но нападите упатени кон него од одредени невладини организации, поради поддршката што ја дава за трибините и јавната дебата поврзани со законите за родова еднаквост и за матична евиденција, организирани од Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ-ОА. – Од денеска како градоначалник, со целото мое законско право, ставам ништовност на секој меморандум на …

Continue Reading

Убиството на четворица Израелци предизвика одмазднички напади во Западен Брег

Еврејските доселеници во Западен Брег синоќа запалија десетина возила и фрлаа со камења поради убиството на четворица Израелци во близина на населбата Ели. Во инцидентите повреден е еден палестински новинар. Израелските медиуми објавија и за запалени полиња и оштетени куќи и повредени 34 Палестинци, од кои најголемиот број од солзавец. Најновото насилство покажа колку е чувствителна ситуацијата во Западниот Брег, …

Continue Reading

Седница на Уставен суд

Уставниот суд на денешната седница ќе разгледа пет иницијативи за оценување на уставност и законитост. На дневен ред се иницијативите поднесени на член 236 став 2 алинеја 1 од Законот за социјална заштита, како и на член 46 став 5 од Законот за извршување. Пред судиите ќе се најде и оспорениот Правилник за измени и дополнување на Правилникот за распределба …

Continue Reading

Синдикат на Македонска филхармонија: Филхармонија успеа да се избори за промена на штетната одлука на Министерството за култура

Синдикалната организација на Македонска филхармонија при СКРМ изразува задоволство од промената на владината одлука Џез-оркестарот да не биде сместен во нивните простории и што, сплотени, успеале во оваа битка. Но, потенцира дека немаат намера да ѝ се извинат на јавноста, како што побара од нив министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, туку и се заблагодаруваат за поддршката. – Единствена вистина на …

Continue Reading

Уапсена поранешната премиерка на Перу, Чавес

Полицијата на Перу ја уапси поранешната премиерка Бетси Чавес поради наводна вмешаност во заговор против државата и приклучување кон поранешниот претседател Педро Кастиљо во „државниот удар“. Чавес е во домашен притвор во јужниот град Такна повеќе од шест месеци откако Кастиљо е уапсен и затворен под обвинение за бунт. Таа негираше дека го прекршила законот. Покрај Чавез под истрага за …

Continue Reading