Најмалку двајца загинати при пад на унгарски хеликоптер во Хрватска

Во близина на хрватското село Паково денеска се урна унгарски хеликоптер. На местото на несреќата пронајдени се две безживотни тела, а по уште едно лице се трага. Унгарскиот хеликоптер во Хрватска бил во рамките на обука. Дел од хрватските медиуми неофицијално објавија дека пилотот не ја забележал жицата од зиплајнот и леталото се заплеткало, се урнало и веднаш се запалило.

Continue Reading

Петровска: Армијата е ангажирана во „Идризово“ како поддршка на припадниците на МВР

Кризната состојба во КПД „Идризово“ ќе трае 30 дена до 5 јули и таа е воведена согласно процедурите, како резултат на потребата од соодветен човечки потенцијал задолжен за чување и обезбедување на затворот, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа нагласи дека при прогласувањето на кризната состојба се запазени сите процедури, согласно предлог на Групата за проценка за потребата …

Continue Reading

Битиќи: Одлуката за дневната евтина тарифа треба да ја донесе регулаторот, Владата е тука за да ги исполни предусловите

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не прецизира кога ќе се врати дневната евтината тарифа на струјата за домаќинствата. Како што изјави денеска, одлуката за тоа треба да ја донесе регулаторот, а Владата е тука за да ги исполни сите неопходни предуслови. Според Битиќи, состојбата во енергетскиот сектор внимателно се следи и се прават анализи, зашто, како што рече, периодот …

Continue Reading

Претрес во Кочани, пронајдена дрога, приведен дилер

Во Кочани вчера бил уапсен Б.А.(22), во чиј дом била пронајдена дрога. МВР информира дека вчера, во 15:45 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода кочанчанецот Б.А.(22). -При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, семки од растението канабис и дробилка, соопштуваат од полицијата. Тој бил задржан во полициска …

Continue Reading

Дваесет и осум семејства од Виница добија станови во новата социјална зграда

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска на 28 семејства од општина Виница им ги доделија клучевите од становите во новата социјална зграда. На примопредавањето, премиерот Ковачевски нагласи дека ова е прв објект за сместување на социјално загрозени семејства во Виница, за чија изградба се инвестирани над 75 милиони денари од буџетот на Министерството за …

Continue Reading

Блинкен: САД и испраќаат на Украина уште 1,3 милијарда долари за реконструкција на инфраструктурата

САД ќе испратат уште 1,3 милијарди помош за Украина за реконструкција на енергетската мрежа и модернизација на пристаништата, железницата и друга инфраструктура, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен во Лондон на втората меѓународна конференција за обнова на Украина. Велика Британија, САД и Европската Унија денеска ветија милијарди долари помош за Киев, а британскиот премиер Риши Сунак започна рамка за …

Continue Reading

Пуштен во употреба нов парк во Дељадровци во општина Илинден

Денеска беше пуштен во употреба новоизградениот парк во населеното место Дељадровци во Општина Илинден. Паркот се простира на површина од над 600 квадратни метри, хортикултурно уреден, со пешачка патека, поставено е осветлување, урбана опрема, нови клупи, корпи за отпадоци, како и озеленување на просторот, известуваат од општината. Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден посветува внимание на зеленилото и во …

Continue Reading

Каматната стапка на благајничките записи зголемена за дополнителни 0,25 процентни поени

Народната банка ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 6 проценти. На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика, одржана вчера, е донесена и одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити за по 0,25 процентни поени со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и …

Continue Reading

Признанието „Повелба на Република Македонија“ врачено на три невладини организации и четири личности

Без силен и развиен граѓански сектор не е можна успешна и демократска Македонија. Се надевам дека денешниот настан ќе претставува дополнителна мотивација за сите активисти во невладините организации, но и за бројните поединци кои секојдневно прават добри дела, порача претседателот на државата Стево Пендаровски на денешното доделување на признанието „Повелба на Република Северна Македонија“. Ова високо признание им беше врачено …

Continue Reading