Во Русија казнети Телеграм и Вибер

Московскиот суд ги казни компаниите во чија сопственоста се апликациите за размена на пораки Телеграм и Вибер бидејќи не избришале содржина што Русија ги смета за незаконски, вклучително и содржини за војната во Украина. Телеграм, чие седиште е во Дубаи треба да плати четири милиони рубљи (47.525 долари), а јапонската компанија во чија сопственост е Вибер казнета е со еден …

Continue Reading

Втора победа на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација ја забележа втората победа во рамки на Третата Европска зона во Били Џин Кинг Купот, откако попладнево во Скопје беше поуспешна од Азербејџан со максимални 3-0. По вчерашната стартна победа против Албанија со идентичен резултат, триумфот против Азербејџан беше заверен по двата сингл натпревари во кои Александра Симева ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови …

Continue Reading

Во замокот Линхартови на чешко-полската граница отворена изложбата „INTERITUS MACEDONUM“

По повод Светскиот ден на бегалците и 75 години од егзодусот на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, во замок Линхартови на границата меѓу Чешка и Полска, отворена е изложбата „INTERITUS MACEDONUM“ (Истребување на Македонците) од авторот Георги Дуртаноски. Во рамки на изложбата, Дуртаноски околу замокот Линхартови и во градот Крнов постави уметничка инсталација на отворено со 20.000 црвени …

Continue Reading

Исчезнатата подморница „Титан“ испратила сигнал за помош

Од подморницата „Титан“ бил испратен сигнал за помош, но кога, не се знае, изјави океанологот др. Сајмон Боксал од Универзитетот во Саутемптон, кој додаде дека оваа информација ја имал од втора рака. „Не можете да користите радио под вода. Целосно се потпирате на ‘пингови“. Она што го имаат на подморницата е навистина ограничена комуникација“, рече тој. „Наводно добиле, не знам …

Continue Reading

Левица: Корумпиран албански олигарх стои зад сомнителната продажба на Жан Митрев клиниката

Корумпиран албански олигарх стои зад сомнителната продажба на Жан Митрев клиниката Додека граѓаните на Република Македонија преку донации молат за лекување во странство, нечовечната корумпирана власт на ДУИ-СДС оркестрираат криминално преземање на најголемата приватна болница во Македонија. Вчера преку манипулативни нарачани текстови во медиумите беше објавено за наводна продажба на Жан Митрев Клиниката на „холандски“ фонд. Но, податоците од холандскиот …

Continue Reading

Џерард одби да тренира саудиски прволигаш

Англискиот фудбалски стратег Стивен Џерард објави денеска дека не сака да биде тренер во Саудиска Арабија, откако понуда на негова адреса дојде од прволигашот Ал Итифак во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски. „Ја анализирав понудата и потенцијалното заминување за Саудиска Арабија, но ми се чини дека од тоа нема да има ништо“, изјави 43-годишниот Џерард за британските …

Continue Reading

Исплатени 143,7 милиони денари субвенции на повеќе од 5 300 млекопроизводители

Платежната агенција им исплати 143,7 милиони денари на над 5 300 млекопроизводители за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Според МЗШВ, корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени …

Continue Reading

Републиканска партија: Имаме докази дека Бајден примил мито како потпретседател на САД

Американската републиканска партија тврди оти има докази, аудио снимки, кои сведочат дека Џо Бајден, додека бил потпретседател на САД, примал мито. Случајот е наречен „Брајб гејт“ (Brib-gate), што се поврзува со скандалот „Вотергејт“ (Watergate) и зборот „брајб“ што значи „поткуп“. Бајден, како што се тврди, во 2016 година, кога беше потпретседател на САД, исплатата на финансиската помош за Украина ја …

Continue Reading

Иранска хакерска група: Го поканивте ѓаволот во вашиот дом, сега ги жнеете плодовите на вашата работа

Иранската хакерска група „Tатковинска правда“ преку Телеграм реагираше за полициската контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез во близина на Драч и „тензиите создадени по спротивставувањето на муџахедините“. – Го поканивте ѓаволот во вашиот дом, сега ги жнеете плодовите на вашата работа, напишаа тие. Тие ја објавиле веста во која припадници на МЕК тврдат дека едно лице е убиено …

Continue Reading