За возење под дејство на алкохол на територија на СВР Штип санкционирани 19 возачи

Во текот на изминатата вечер (17/18.06.2023) во периодот од 23:00 до 05:00 часот на територија на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата, како што соопшти денеска МВР, биле санкционирани 19 возачи. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги …

Continue Reading

Вонредна состојба поради врнежи и поплави во 56 локални самоуправи во Србија

Во Србија, поради обилните дождови и поплави, прогласена е вонредна состојба во 56 градови и општини, пренесе Бета повикувајќи се на РТС. Во изминатите неколку дена беа евакуирани повеќе од 300 луѓе, а пороите оштетија патишта, однесоа мостови и предизвикаа одрони и одрони. Поплавите предизвикаа проблеми низ речиси цела Србија, а од денеска се очекува подобрување на временските услови.

Continue Reading

Сè уште високо ниво на реката Вардар во Раотинце

Нивото на реката Вардар е сè уште високо и не е променето од вчера, информираат од месната заедница на Раотинце, Општина Јегуновце каде вчера беа поплавени ниви, патишта и 15-тина дворови од куќи. Високото ниво на реката Вардар беше причина вчера околу 18 часот да почне излевањето и до вечерта да се поплават дворовите на куќите, а во еден објект …

Continue Reading

Османи од утре во работна посета на Лондон

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе престојува во неколкудневна работна посета на Обединето Кралство на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Џејмс Клеверли. Како што информираат од МНР, во првиот дел од престојот во Лондон, Османи ќе има средба со својот домаќин Клеверли и министерот за Европа, Лео Докерти, како и одвоени средби …

Continue Reading

СДСМ: Ако Мицкоски сака разговор за предлозите за уставните измени нека одреди тимови

Скопје, 18 јуни 2023 Доколку Мицкоски сака разговор за предлозите околу уставните измени нека одреди тимови. Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени. Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни …

Continue Reading

Албанија се задолжи со 600 милиони евра преку еврообврзница

Албанија преку обврзница на меѓународниот пазар се задолжи со 600 милиони евра, со што земјата по шести пат се задолжува на овој начин. -Износот е повисок за 100 милиони евра од првопласираните што го најави владата. Еврообврзницата е со рок на отплата од 5 години односно до 9 јуни 2028 година и со годишна каматна стапка од 5,9 отсто и …

Continue Reading

Зголемен водостојот на реките, езерата приближно до просекот

Поради обилните врмнежи од дожд водостојот на реките утрово во однос на просекот за јуни е зголемен тројно на реката Вардар кај Јегуновце, кај Велес и кај Демир Капија, како и на реката Пчиња кај Катлановска Бања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Зголемено ниво на водата се бележи и на реката Струмица кај Сушево и Ново Село, на Црна …

Continue Reading

Шведска се подготвува да се кандидира за ЗОИ 2030

Претседателот на Шведскиот олимписки комитет, Ханс фон Утман, зборуваше за можна кандидатура за домаќин на Зимските игри во 2030 година. Според него, четири месеци се изготвувала физибилити студија која покажала можност за организирање натпревари во Стокхолм. Главниот град на Шведска беше домаќин на Олимпијадата во 1912 година. -Нашето прелиминарно истражување сугерира дека Шведска има способност, технологија и желба да биде …

Continue Reading

Одрони на Дабнички канал во Прилеп, екипите на комуналните претпријатија на терен

Последните поројни дождови, а и во текот на ноќта предизвикаа оштетувања на коритото на  Дабнички канал во Прилеп и е направена дупка што е проширена до работ на улицата. Увид направи Регионалниот центар за управување со кризи од Прилеп, а екипите на јавното комунално претпријатие „Водовод и канализација“ се на теренот да ги санираат штетите на Дабнички канал. -Со механизацијата …

Continue Reading