Промоција на стихозбирката „Огнен пој“ од Перица Сарџоски

Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе се одржи промоција на стихозбирката „Огнен пој“ од поетот Перица Сарџоски од Тетово. Книгата ќе ја претстави Елена Пренџова, стиховите ќе ги читаат Андреј Ал-Асади и Горазд Китановски – Кени со музичка придружба на ВИС „Тркалезна маса“, а настанот ќе го модерира Јулијана Величковска. На промоцијата ќе бидат изложени и артефакти …

Continue Reading

Седници на ИО и ЦО на СДСМ за формата на продолжување на преговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници на кои тема ќе бидат начинот и формата со кои понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, по новите околности на политичката сцена по вчерашната средба на лидерите на двете партии Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски. Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со вршителот на работите во Амбасадата на САД во земјата, …

Continue Reading

Украинската армија демантира дека ја почнала најавуваната контраофанзива

Украинската армија денеска ја демантираше веста објавена од Ен-би-си Њуз (NBC News) дека почнала контраофанзива против руските сили. „Немаме такви информации. И не коментираме анонимни извори“, изјави за британските медиуми портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили. Претходно, Ен-би-си Њуз, повикувајќи се на висок анонимен офицер и војник во близина на првите борбени линии, објави дека украинската војска ја почнала …

Continue Reading

Свечено одбележување на Денот на воздухопловниот ВИНГ

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, армискиот воздухопловен ВИНГ (вВИНГ) денеска ќе го одбележи Денот на единицата. На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага, заменикот на началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во МО, Владимир Анчев, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и …

Continue Reading

Промоција на книгата-омаж „Јанко Николовски – Поетика на животот“

Вечерва во Салонот 19.19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се одржи промоција на книгата-омаж „Јанко Николовски – Поетика на животот“ Делото е посветено на познатиот македонски новинар Јанко Николовски, теоретичар на културата и автор на книги од областа на слободата на изразување. Книгата ќе ја промовираат автори и соработници на Николовски од Црна Гора, Жељко Рутовиќ и Мирко …

Continue Reading

Отворање на изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ

Изложбата насловена „Професори и студенти“ ќе биде отворена вечерва во галерискиот простор на Младински културен центар (МКЦ) во Скопје. Изложбата ќе опфати дела изработени од студентите и професорите од факултетите и школите за уметност и дизајн, меѓу кои и од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), Факултетот за дизајн и мултимедија (ФОН), …

Continue Reading

Без вода дел од Карпош и реоните околу салата „Борис Трајковски“ и резиденцијата на г.г. Стефан

Без снабдување со вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од скопската населба Карпош, салата „Борис Трајковски“, базенот „Карпош“, хотелот „Александар Палас“, како и реонот околу резиденција на г.г. Стефан. Како што информираа од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје поради уличен дефект од ф-100 милиметри на улица „Нобелова“ број 3 во населба Карпош, во периодот од 09.00 часот, …

Continue Reading

Заеднички концерт на „Танец“ и „Коло“ во Битола

Во рамки на прославата на 75-годишнината од своето основање, српскиот ансамбл „Коло“ вечерва во Центарот за култура во Битола ќе одржи концерт со ансамблот „Танец“, како дел од регионалната турнеја наречена „Колодром“. Ансамблот „Коло“ е основан во 1948-та, една година пред основањето на Танец. Двата ансамбли имаат долгогодишна успешна соработка, а последен пат настапија заедно на Новогодишниот концерт на Танец …

Continue Reading

Активистички говори, млади бендови и креативни работилници на „Енгејџ“

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе започне дванаесеттото издание на настанот за социјален активизам „Енгејџ“ (ENGAGE). Организатори се Младински образовен форум и Радио МОФ. – Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат против скептицизмот, …

Continue Reading