Казнети 169 возачи за брзо возење

Полицијата вчера во засилена акциска контрола на територијата на државата казнила 169 возачи за движење со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. -Притоа, 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место, информира МВР. Укажува дека …

Continue Reading

Чави бара 12 милиони евра годишно од Барса за нов договор, позициите на клубот и тренерот се далеку

Барселона се уште не е подготвена да ги исполни финансиските барања на Чави за нов договор. Четириесет и тригодишниот тренер на Каталонците бара плата од 12 милиони евра по оданочување, објави радио „Кадена СЕР“. Ако се земат предвид платите на Чави и на целиот негов тренерски штаб пред оданочување, сумата е 30 милиони евра. Сега позициите на тренерот и Барселона …

Continue Reading

Тим од студенти на ФЕИТ победи на светското финале во процесирање сигнали

Тимот „Neuro FEEIT”, составен од студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), освои прво место на светското финале за процесирање сигнали. Задачата оваа година беше развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза користејќи функционална магнетна резонанца во состојба на мирување (rsfMRI). Финалето на натпреварот се одржа на 5 мај 2023 во Родос, Грција, во рамки …

Continue Reading

Водата во Дојранското Езеро е во одлична состојба и е безбедна за капење

Последните испитувања на водата од Дојранското Езеро од Центарот за јавно здравје Велес, од почетокот на овој месец, покажаа дека е во одлична состојба и е безбедна за капење. Ова го објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, прецизирајќи дека примероците за испитување на водата биле земени од Градската плажа, плажата кај хотелот “Полин” и плажата “Гранико”. -Резултатите од испитувањата на …

Continue Reading

Грција задоволна од начелниот договор на ЕУ за миграциското прашање

Генерално, новиот систем подобро одговара на ситуацијата со која се соочува нашата земја, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција во однос на начелниот договор на Европската унија за Новиот пакт за миграцијата, јави дописничката на МИА од Атина. На состанокот во Луксембург, на кој учествувале службениот министер за миграција и азил на Грција Данаил Есдрас и генералниот …

Continue Reading

Возило излетало од патот кај тунелот на делницата Гевгелија – Неготино, сообраќајот во прекин

Возило излетало од патот кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, информацијата утрово ја потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. – Денеска во 08.40 часот на автопатот А1, кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 47-годишната Т.П.П., изгубило контрола и излетало од патот. Увидот е во …

Continue Reading

Петмина уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти

Пет лица се уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти. Полицијата уапсила едно лице во Србија, а четворица на територијата на Германија и Романија поради сомнение дека криумчареле околу 800 мигранти од Турција во Германија, соопшти МВР на Србија. „Пријавените во текот на минатата и оваа година најчесто криумчареле мигранти користејќи различни транспортни средства и ги …

Continue Reading

Анкета на „Програмата за парламентарна поддршка“: Граѓаните со ниска доверба во Собранието и пратениците

Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето на Програмата за парламентарна поддршка за работата на Собранието на Република Северна Македонија кое беше презентирано во Собранието пред пратениците и претставниците на собраниските служби. На скала од 1 – најниска, до 10 – највисока, граѓаните довербата во Собранието ја оценија со 3.4 што е пад од 0.6 во споредба …

Continue Reading

МЗШВ: Препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница

Министерството за земјоделсто, шумарство и водостопанство денеска излезе со препорака до лозарите да ја заштитат виновата лоза од пламеница и пепелница. -Согласно спроведениот инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, ДИЗ не информираше дека кај повеќето има појава на болестите пламеница и пепелница. Во различни региони, присутноста на болести во лозовите …

Continue Reading