На 2,8 отсто намалена инфлацијата во Грција, но цените на прехранбените продукти остануваат високи

Годишната инфлација во Грција во месец мај дополнително се намалила и изнесува 2,8 отсто, меѓутоа цените на прехранбените производи остануваат високи, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика јави дописничката на МИА од Атина. Инфлацијата се намалила за 0,2 проценти во споредба со еден месец претходно, но намалувањето се должи на падот на цените на нафтата, природниот гас и …

Continue Reading

Кавески: Граѓаните ги слушнаа изјавите, ВМРО-ДПМНЕ прифати уставни измени и дијалогот треба да продолжи

СДСМ одново покажа државнички капацитет, ставајќи ги интересите на државата и на граѓаните на прво место. Во името на исполнувањето на националните цели и членство во ЕУ подадовме рака кон ВМРО-ДПМНЕ и добро е што Мицкоски тоа го прифати. СДСМ нема намера да ги објаснува, ниту да ги толкува изјавите на Христијан Мицкоски. Целата македонска јавност, преку медиумите, го слушна …

Continue Reading

Стоилковски: ЈО за организиран криминал да расчисти дали директор на БЈБ Сашо Тасевски влијаел во случај кога се тепани припадници на ЕБР

Син на висок полициски функционер, но и лично функционерот, според медиумите можно е да се вмешани во напад врз полиција, но и можно е да влијаеле врз менување на факти во записите! Пред неколку дена, поточно на 3 јуни, пред една скопска дискотека, екипа на ЕБР, извршувајќи задача, фатиле група младинци во раните 20-ти години како се подготвуваат да конзумираат …

Continue Reading

Николов: Граѓаните на Македонија кои го финансираат здравството не можат да најдат лек и термин за преглед, ама Меџити ќе ги лечел лицата од странство

И во овие изминати 100 дена од назначувањето на четвртиот по ред министер за здравство, во Владата на ДУИ и СДСМ уште еднаш се потврди дека за оваа однародена власт, секторот здравство е ставен на маргините и никогаш не бил приоритет. Политички пазар и калкулации при избор на директори, немање пристап до здравствена услуга за пациентите, деградирање на здравствените работници, …

Continue Reading

Грковска го посети македонскиот тим кој се справува со симулиран сајбер напад со тимови од Албанија и Црна Гора

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска го посети и му даде поддршка на „Синиот тим“ на Северна Македонија, кој пријателски се натпреварува со сините тимови на Црна Гора и Албанија, во рамки на тридневната Регионална вежба за сајбер безбедност. Вежбата е организирана со поддршка на естонската „e-Governance Academy“, во рамки на проект …

Continue Reading

Можни причини за необично честото мокрење

Честото мокрење обично е знак на внос на повеќе течности. Но, ако не се внесува така многу течност, а сепак пречесто го посетувате тоалетот, тоа може да значи одреден здравствен проблем, објави „Кликс“. Човекот вообичаено мокри пет до седум пати во 24 часа. Ако пак, тоа е почесто од 7-8 пати, би било пожелно да ги проверите бубрезите, мочниот меур, …

Continue Reading

АД ЕСМ почна со подготовки на следната грејна сезона

АД ЕСМ ги почна подготовките за следната грејна сезона. Во наредните неколку месеци ќе се прават ремонти во сите производствени капацитети за зголемувањето на нивната доверливост со цел компанијата да ги произведе потребните количини електрична енергија. -Во моментов, РЕК Битола работи со три блока. Во текот на летните месеци ќе се извршат ремонти на Блок 1 и Блок 2, а …

Continue Reading

Лајмер нов играч на Баерн

Фудбалерот од средниот ред Конрад Лајмер стана играч на Баерн, објави денес официјалниот сајт на германскиот клуб. Дваесет и шестгодишниот австриски фудбалер како слободен играч се пресели во клубот од Минхен. Договорот на Лајмер со Баварците е до 30 јуни 2027 година. Претходно, играчот од средниот ред настапуваше за Лајпциг. Во сезоната 2022/23, Лајмер забележа 29 настапи за Лајпциг, постигнувајќи …

Continue Reading

МЗ: Нема изедначување на цените помеѓу странските државјани и осигурените државјани на РСМ, туку изедначување на цените за приватни здравствени услуги

Министерството за здравство денеска појаснува дека изедначувањето на цените за лекување на странски државјани во земјава се однесува само на оние цени кои ги плаќаат здравствено неосигурените лица во земјава. -Во врска со ценовникот за давање на здравствени услуги на странци, Министерството за здравство информира дека до сите универзитетски клиники и институти е доставен допис за усогласување на ценовниците за …

Continue Reading