Изложба на Александра Вељановска – уникатни парчиња накит, облека и модни додатоци

Облека и накит, употребни предмети, „home decor”, свеќници од стакло, брошеви, колани, круни, табакери, марами, корсети и шапки, ќе бидат дел од изложбата на модната дизајнерка Александра Вељановска што ќе се одржи вечер на Зелениот покрив на објектот на Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје. На изложбата насловена „Moon Light“, Вељановска ќе се претстави со новата колекција и со …

Continue Reading

Грантови за активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици

Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска ќе доделат грантови за реализација на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици на територијата на Република Северна Македонија. Грантови ќе добијат училишта кои аплицираа и се одбрани преку повикот за оваа намена во …

Continue Reading

Кулеба ги отфрли повиците за „замрзнување“ на конфликтот со Русија

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, изјави дека разговорите за решавање на конфликтот со Русија не можат едноставно да почнат само со прекин на огнот, пренесуваат британските медиуми. -Ако некој мисли дека може да го замрзне конфликтот и потоа да види како ќе го реши, тогаш не го разбира проблемот, изјави Кулеба на онлајн брифинг за африкански новинари по турнејата …

Continue Reading

Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев во посета на Собранието

Специјалниот пратеник на претседателот на Азербејџан, Ечин Амербајев денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија. Како што информираат од собраниската прес-служба, Амербајев ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и со Арта Билали-Зендели, шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО).

Continue Reading

Медиуми; Трамп известен дека е цел на истрага за ракување со доверливи документи

Федералните обвинители го известиле поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека е цел на истрага за ракување со доверливи материјали, јави Еј-Би-Си Њуз, што се нови правни проблеми додека се бори да се врати во Белата куќа во 2024 година. „Политико“ одделно објави дека обвинителите му испратиле писмо на Трамп во кое го известиле дека е под истрага, но не го …

Continue Reading

Конференција за управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам

Во организација на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП денеска ќе биде одржан втората Национална конференција во рамки на проектот „СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан“. Фокусот на панел дискусијата на годинашнава конференција ќе биде на управување со кризи и јакнење на локалните капицитети за спречување на насилство и насилен ектремизам. Воедно, на конференцијата ќе …

Continue Reading

СДСМ нуди широка владина коалиција во замена на уставните измени, за ВМРО-ДПМНЕ прифатилива заедничка Влада без ДУИ

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски на вчерашната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди консензуално усвојување на уставните измени, во замена на влез на опозициската партија во Владата со пет министри. За Мицкоски е прифатливо учество на ВМРО-ДПМНЕ во заедничка влада со СДСМ и останатите партии, но без ДУИ. Од ДУИ веднаш реагираа на ваквиот предлог на …

Continue Reading

Дебата за неформалните собирачи на отпад

Во Стопанската комора денеска ќе се одржи дебата на тема „Наодите од истражувањето за состојбата со неформалните собирачи на отпад во РС Македонија и можности за нивна интеграција во формалната економија”. На дебатата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето што „Пакомак“ го направи за неформалните собирачи во периодот март-април на репрезентативен примерок во сите осум плански региони. Според најавата, предвидено …

Continue Reading

Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик пред Комисијата за култура

Во собрансиката Комисија за култура денеска треба да почне разгледувањето на Предлог-законот за употребата на македонскиот јазик. Предлагач на законот е Министерството за култура, а целта е подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба во јавната и во службената комуникација, …

Continue Reading