Раст од 3,1 процент на извозот, пад од 10,7 проценти на увозот во првите четири месеци од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку …

Continue Reading

Шпанија ја бележи најтоплата пролет во историјата, се очекува и екстремно топло лето

Оваа година Шпанија ја бележи својата најтопла пролет во историјата и втора најсушна досега, според националната метеоролошка агенција. Последните податоци укажуваат на продолжување на екстремно високите температури кои беа присутни во текот на 2022 година, која беше најтоплата година досега забележана во Шпанија. Пролетните горештини беа придружени со недостиг од дожд, што ќе ја влоши долгорочната суша во Шпанија, и …

Continue Reading

Винисиус прогласен за најдобар фудбалер на Реал

Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар играч Реал Мадрид за сезоната 2022/23 во изборот на навивачите на „кралскиот клуб“. – Многу сум задоволен од таквата поддршка од навивачите. Сакам да продолжам да напредувам и да се развивам со цел секогаш да ја демонстрирам најдобрата верзија од себе. Се надевам дека и следната сезона ќе продолжам во истиот дух и ќе …

Continue Reading

Могерини и Куши потпишаа меморандум за изградба на европски универзитет во Тирана

Поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини денеска престојува во Тирана, но овојпат не како претставник на дипломатијата на ЕУ, туку за изградбата на европски универзитет во Тирана. – Тука сум за проектот за изградба на кампус на европскиот универзитет. Сега нема да коментирам ниту за албанската политика или за институционалната динамика на реформскиот процес во однос на регионалната динамика …

Continue Reading

Конференција: Државата да се фокусира на зелената дигитализација и одржливите дигитални инфраструктури

Национален приоритет е да се креираат планови и патокази за дигитална трансформација и да се финансираат иницијативи за дигитализација на претпријатијата. Важно е државата да се фокусира на зелената дигитализација и на создавање еколошки одржливи дигитални инфраструктури, беше речено на денешната конференција „Go Green: Обезбедување дигитална еколошка одржливост“. Конференцијата ја организира Бирото за регионален развој во рамки на проектот „Компјутерската …

Continue Reading

Ковачевски: На лидерската средба слушнавме дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

Ваков демократски дијалог треба да има на сите нивоа. Добро е што ставот утрово искажан од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски практично е променет и различен од ова што го слушнав на денешната средба, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени во државата, тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба, изјави премиерот Димитар Ковачевски …

Continue Reading

„Нефрон“: Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на Јовев

Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на директорот, професор доктор Сашко Јовев, а за евентуално направените грешки и пропусти во работењето, доколку ги има, соодветно нека биде казнет со други мерки, но, да не се казнуваат пациентите или оние кои чекаат трансплантација, затоа што сите сме свесни дека Националната програма за трансплантација на органи се темели најмногу на ентузијазмот …

Continue Reading

Граф: Ќе има уште повеќе германски инвестиции ако бидат појасни реформите

Германските компании остануваат на своите одлуки за инвестиции и со актуелните политички случувања во државава, но би имало повеќе инвестиции доколку бидат појасни реформите, смета заменик-амбасадорот на Германија во државава Ото Граф. На презентацијата на истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија АХК и Македонско-германското стопанското здружение, Граф одговараше на новинарски прашање за влијанието на …

Continue Reading

В петок премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар

Народниот театар Охрид в петок премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска. Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во улогата на Сергеј игра Никола Тодороски, првиот курир е Стрезо Стаматовски, вториот курир го игра Горан Стојаноски, а третиот Филипи Кипровски, додека Елизабета Стефановска …

Continue Reading