Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за мај 2023 година. – Корисниците на парични права кои поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 …

Continue Reading

Единаесет уметници од земјава годинава ќе бидат македонски претставници на Националниот павилјон на Прашко квадриенале

Добитниците на главната награда „Златна трига“ на претходното издание на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор, Филип Јовановски и Ивана Васева, годинава се кураторски тим на изложбата „Градот како сцена“ на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на квадриеналето, кое ќе се одржува од 8 до18 јуни оваа година во Прага, Чешка. Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски …

Continue Reading

Во Белград отворена изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“

Во Галеријата на Педагошкиот музеј во Белград беше отворена изложбата на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на уметницата Искра Пенева во рамки на манифестацијата на 13. Денови на македонската култура во Белград „Допирот на Македонија“. Поставката се состои од триесетина фотографии направени во периодот 2011-2014 година на повеќе локции на брегот на Охридското Езеро – Свети Наум, Пештани, Трпејца, Заливот …

Continue Reading

Гол: Меси бара од Ал Хилал да го одложи трансферот до 2024 година

Лионел Меси сака да ја одложи својата преселба во Саудиска Арабија. Според „Goal“ во текот на вчерашниот ден претставници на аргентинскиот фудбалер одржале состанок со членовите на раководството на саудискиот клуб и побарале да се одложи прашањето за преселба во Ал-Хилал до 2024 година. Сепак, челниците на клубот беа изненадени од барањето и рекоа дека нивната понуда следната година ќе …

Continue Reading

Нова водоводна мрежа на булeвар „8 Септември“

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Драган Илиевски денеска изврши увид во работните активности на булевар „8 Септември“, каде почна изведбата на новата водоводна мрежа, инвестиција на претпријатието и на Град Скопје. Изведувач на градежните работи се екипи на Град Скопје, а изведувач на монтажните работи е ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за што е предвидена употреба …

Continue Reading

Приведен крадец од Гостивар

Полициски службеници од ОВР-Гостивар вчера во 16.00 часот го лишиле од слобода С.Б.(45) од Гостивар, осомничен дека извршил тешка кражба, при што од деловен објект на Ш.А.(31) од гостиварско Форино одзел пари. Од МВР денеска соопштија дека одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе …

Continue Reading

Концерт „2+1“ во македонскиот КИЦ во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечерва ќе се одржи концертот „2+1“ на македонското музичко трио во состав Стојан Димов – кларинет/саксофон, Нинослав Димов – саксофон и Маја Поповиќ Караиванова – пијано. Како што најави организаторот на настанот, македонскиот КИЦ во Софија, на концертот ќе бидат изведени дела на Пит Свертс, Антонино Паскули, Бела Ковач, Феликс Менделсон, …

Continue Reading

Нивото на водата по експлозијата на браната Нова Какховка кренато за пет метри

Нивото на водата околу браната Нова Какховка во јужна Украина, која беше разнесена во текот на ноќта, се зголеми за пет метри, а неколку острови се веќе целосно поплавени, јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Засега, 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужната украинска област Херсон се во опасност од поплави по експлозија на браната, …

Continue Reading