„Гласен Текстилец“ : За првпат на Балканот 32 текстилни работнички добија обештетување од два странски брендови

Триесет и две текстилни работнички добија обештетување во вкупен износ од 42.000 евра од два странски брендови, бидејќи беа избркани од конфекцијата во којашто работеа, не добија отпремнини, К-15, а една бремена жена не го оствари своето право на платено породилно отсуство, истакна на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Забележа дека ова е прв ваков случај во земјата, …

Continue Reading

Радев го потпиша указот со предлог за избор на премиер Николај Денков

Бугарскиот претседател Румен Радев го потпиша указот на 49. Народно собрание со предлог на втората по големина пратеничка група за премиер Николај Денков, соопшти прес-службата на претседателот. Указот е издаден по средбата со претставниците на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, кои претпладнето го вратија завршениот втор мандат за формирање влада. „На Бугарија и требаат институции и политичари кои всушност …

Continue Reading

Бесплатни униформи за сите ученици од општина Кисела Вода

Сите основци од училиштата од општина Кисела Вода новата учебна година ќе ја започнат со бесплатни нови униформи. Општина Кисела Вода обезбеди средства во својот буџет во висина од 5 милиони денари кои ќе се потрошат на униформи, како дел од стратегијата за обезбедување на еднакви можности за сите деца. – Во услови кога социјалните разлики се многу изразени, огромните …

Continue Reading

Министерката Костадиновска Стојчевска и грчката амбасадорка Софија Филипиду во посета на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново

Министерката за култура Бисера Косрадиновска Стојчевска и амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, извршија увид на конзерваторските работи што се вршат на црквата „Св. Ѓорѓи“ во преспанското село Курбиново. Проектот за заштита на црквата, фреските и комплетното културно наследство го вршат Завод и Музеј-Битола и реномираниот Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун. -Пред две години, …

Continue Reading

Битолското обвинителство поведе постапка за силување на дете

Основното јавно обвинителство – Битола донесе „наредба“ за спроведување истражна постапка против жител на Ресен, против кого е поднесена пријава за кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“, согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. – Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со …

Continue Reading

Доделени сертификати за перформанс и учество на првата генерација на Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ)

Дваесет и седум млади претставници од политички партии и граѓански организации успешно ја завршија двегодишната програма насловена „ Институт за напредно политичко лидерство“ (Advanced Leadership in Politics Institute – ALPI) која ја спроведува Меѓународниот републикански институт (ИРИ). АЛПИ поттикнува младински развој, дијалог, меѓупартиска и меѓуетничка соработка помеѓу младите политички лидери, како и соработка помеѓу нив и преставниците на граѓанскиот сектор. …

Continue Reading

Нетанјаху за нов советник за медиуми го назначи Гилад Цвик, кој го обвинуваше Бајден за уништување на САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за негов советник за медиуми го назначи Гилад Цвик, кој шири теории на заговор за изборна кражба во САД во 2020 година и го обвини американскиот претседател Џо Бајден за „уништување на Америка“. Цвик, кој претходно работеше за конзервативната израелска ТВ Канал 14 и весникот „Израел Хајом“ (Израел денес), го критикуваше Бајден и изнесуваше лажни тврдења …

Continue Reading

Трипуновски: Пестициди и тешки метали се детектирани во увезените овошје и зеленчук

Да сме на чисто – Пестициди и тешки метали се детектирани во овошјето и зеленчукот кои се увезени во Македонија. Тоа недвосмислено го потврдуваат анализите кои ги презентирав на јавноста! Додека Бабовски и останатите околу него сакаат да ја замајат јавноста од детектираните присуства на резидуи од пестициди во храната од неживотинско потекло, добро е Бабовски да го посоветуваат околу …

Continue Reading

„Отворен кабинет“ на министерот за внатрешни работи, Спасовски стартуваше од СВР-Штип

Во Секторот за внатрешни работи-Штип од денеска Министерството за внатрешни работи го стартуваше проектот „Отворен Кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Преку серија на посети во кои ќе бидат опфатени сите Сектори за внатрешни работи низ државата, со прием на странки од страна на министерот Спасовски, a во рамки на веќе утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, намерата е …

Continue Reading