Кражба во казино во Скопје, физички нападнат вработен во обезбедувањето

Во казино на ул.„Јадранска магистрала“, во Скопје, две лица со закана од вработените одзеле пари, при што едното со тврд предмет физички нападнало вработен како обезбедување во казиното. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 07.35 часот во СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија и Албанија потпишаа договор за соработка во областа на индустриската сопственост

Албанија и Македонија потпишаа договор за соработка во областа на индустриската сопственост. Документот вчера во Тирана го потпишале директорот на македонскиот Државен завод за индустриска сопственост (ДЗИС) Блерим Идризи и Ровена Беќирај, генерална директорка на албанскиот генерален директорат за индустриска сопственост (ДППИ). -Целта на оваа средба беше потпишување на договорот за соработка во областа на индустриската сопственост со цел продлабочување …

Continue Reading

Детектор: Македонија назадува во спроведувањето на реформите потребни за да го стигнеме европскиот стандард

Мнозинството граѓани сметаат дека Македонија назадува во спроведувањето на реформите за постигнување на европските стандарди истовремено изразувајќи свесност дека стартот на преговорите со Европската Унија нема да ни ги реши домашните проблеми, покажуваат резултатите од анкетата што за емисијата Детектор на ТВ Сител ги спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 42,6 отсто од граѓаните сметаат дека во последните …

Continue Reading

Заврши 8-миот меѓународен конгрес во Скопје

Во организација на Здружението на педијатрите на Република Македонија во хотелот „Александар Палас“  во Скопје заврши Осмиот конгрес на педијатрите на Македонија со интернационални учесници. Со практичната работилница која беше прикажана пред младите доктори од страна на нивните колеги од реномираната Европска Педијатриска Академија, заврши еден од најголемите настани на педијатрите во Македонија, која се одржува еднаш во годината. Под …

Continue Reading

Шефот на НАТО до Ердоган: Шведска ги исполни своите обврски кон Турција за влез во НАТО

Шведска ги исполни своите обврски кон Турција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по двочасовната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја за попустливост кон курдските активисти кои живеат на нејзина територија. Столтенберг изрази надеж дека Турција ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО …

Continue Reading

Естонскиот претседател в среда во посета на Албанија

На покана на претседателот Бајрам Бегај, в среда во тридневна официјална посета на Албанија ќе допатува  претседателот на Република Естонија, Алар Карис. Тоа ќе биде прва посета на естонски претседател на Албанија и значаен настан во билатералните односи меѓу двете земји. – На седми јуни попладне гостинот ќе биде пречекан со сите државнички почести по што двајцата претседатели ќе имаат средба …

Continue Reading

Покетино го блокира трансферот на Хаверц во Реал

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино не сака клубот да го продаде играчот од средниот ред Каи Хаверц. Според новинарот Екрем Конур, Покетино блокирал какви било понуди од Реал Мадрид за 23-годишниот фудбалер. Лондонскиот клуб планира да преговара за продолжување на договорот со Хаверц до 2028 година. Актуелниот договор му е со важност до летото 2025 година. Хаверц минатата сезона забележа …

Continue Reading

Студија: Лек за рак на белите дробови го намалува ризикот од смрт за 50 отсто

Употребата на лекот Осимертиниб по операција го намалува ризикот од смрт кај пациенти со рак на белите дробови за 51 отсто. „Пред 30 години не можевме да направиме ништо за такви пациенти. Сега го имаме овој моќен лек“, рече Рој Хербст, заменик директор на Центарот за лекување рак на Јеил и главен автор на студијата за ефектите на Осимертиниб, објави …

Continue Reading

Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан на крајот на сезоната

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе го напушти клубот на крајот на сезоната. -Во недела навечер, по последниот натпревар од сезоната, Милан ќе се прости од Ибрахимовиќ на кратка церемонија. Клубот сака да му се заблагодари на Златан за одличните години што ги поминавме заедно, се вели во клупското соопштение. Ибрахимовиќ играше за Милан од 2010 до 2012 година. Во …

Continue Reading