Фестивал на биодиверзитет „Коктел на вкусови“ во Паркот на Франкофонијата

– Во Паркот на Франкофонијата во Скопје, денеска, од пладне до 20 часот по трети пат ќе се одржи Фестивалот на биодиверзитет „Коктел на вкусови“ што го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. -Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има …

Continue Reading

Меѓународен детски фолклорен фестивал „Св.Троица“ во општина Илинден

– За прв пат денеска во општина Илинден ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има осумгодишна традиција во Долно Лисиче. Фестивалот се одржува во чест на празникот Св.Троица. Со почеток од 17 часот пред спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден ќе почне фестивалското дефиле со сите учесници кои ќе се упатат кон Домот на културата каде …

Continue Reading

Нема детали кога точно и во кој формат ќе биде средбата Ковачевски-Мицковски

 – Средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не се знае точно кога ќе се одржи, ниту пак во кој формат ќе биде. Ковачевски најави средба со Мицковски и со тимовите од двете страни, а Мицковски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци. …

Continue Reading

Фестивалот на розите во Казанлак ја истакна кревкоста на розата и на слободата на медиумите

– Во хармоничен спој на културата и новинарството, годинешниов Фестивал на розите во Казанлак, познат по својата живописна долина на розите, ги здружи силите со Бугарската телеграфска агенција (БТА) за да ја одбележи богатата традиција на одгледување бугарска маслодајна роза и да ја истакне важноста на слободата на медиумите. Фестивалот, кој се одржува од 31 мај до 3 јуни, послужи …

Continue Reading

Претседателот Пендаровски на инаугурација на турскиот претседател Ердоган

– Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Анкара ќе присуствува на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој победи на неодамнешните избори и доби нов мандат. По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни …

Continue Reading

Бабовски: Со законски измени ќе се воспостави систем за контрола на размножувањето на кучиња

 – За решавање на проблемот со бездомните кучиња недостасува една важна алка, а тоа е регистрација на одгледувачници на кучиња. Во оваа насока, веќе се подготвени предлог-измени и дополнувања на Законот за благосостојба на животните со кои се предвидува воспоставување систем за контрола на размножувањето на кучињата токму преку регистрација на одгледувачници и евидентирање на регистрираните одгледувачи на куче. Со …

Continue Reading

Поради асфалтирање затворен за сообраќај патот Велес – Градско

–  Делницата Велес – Градско на регионалниот пат 1102 денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај поради градежни активности, односно асфалтирање. Како што соопшти АМСМ, прекинот во сообраќајот ќе биде во периодот од 08 до 16 часот.

Continue Reading

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

– Православните христијани денеска ги празнуваат Светиот цар Константин и Светата царица Елена и Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу …

Continue Reading

Претпладне сончево, попладне на места нестабилно со пороен дожд

– Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а …

Continue Reading