Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се зголемува горната граница на владиниот долг

– Сенатот на американскиот Конгрес усвои закон поддржан од американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој се зголемува горната граница на државниот долг од 31,4 трилиони долари, со што се елиминира неисполнувањето на финансиските обврски на владата. Сенатот синоќа гласаше со 63 гласа „за“ и 36 „против“, а Претставничкиот дом го усвои законот во средата. Министерството за финансии предупреди дека нема да …

Continue Reading

Борел побара нови избори во општините на северот на Косово

– Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, побара и распишување нови локални избори во општините на северот на Косово, учество на Србите во тој изборен процес и почеток на работата за формирање Заедницата на општини со српско мнозинство. Борел синоќа на Твитер објави дека со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателката на Косово, …

Continue Reading

МНР на Косово ги повика граѓаните да избегнуваат преминување низ Србија

– Косовското Министерство за надворешни работи и дијаспора апелираше до граѓаните на Косово да избегнуваат преминување преку Србија, поради ситуацијата на север во државата. „Поради ситуацијата што настана на северот на земјата, Министерството ги повикува сите граѓани да избегнуваат преминување низ Србија“, соопшти Министерството. Според нив, имаат извештаи „за апсење на државјани на Република Косово од страна на српските власти при …

Continue Reading

Предложен притвор за сторител на тешки кражби во Скопје

– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Јавното обвинителство соопшти дека осомничениот, на приватен плац во населбата Радишани, насилно со обивање влегол во заклучен објект заграден со мрежа и одзел мешалка за бетон, приколки, …

Continue Reading

Џафери учествува на состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО во Вилнус

– Претседателот на Собранието Талат Џафери учествува на Состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, кој се одржува денеска и утре во Вилнус. Во состав на македонската делегација се пратениците Миле Талевски, Драган Ковачки и Вјолца Адеми. На настанот ќе учествуваат претседателите на парламентите на земјите членки на НАТО, претседателката на Парламентарното собрание на НАТО, Жоел Герио …

Continue Reading

Пристигна воен конвој со нови лесни оклопни возила JLTV за Армијата

– Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство. -Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата …

Continue Reading

Литургиско чествување на годишнината од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ-ОА

–  По повод годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква -Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) на 5 јуни во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи света архиерејска литургија. -Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) го повикува македонскиот богољубив народ да …

Continue Reading

Состојба на патиштата

2 јуни 2023  ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање. Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните …

Continue Reading

И Ковачевски и Мицкоски ги кажаа ставовите пред средбата за која се уште не е соопштен термин

 – Се уште нема најава кога ќе се одржи средбата помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со своите тимови. И покрај тоа тие во јавноста веќе ги кажаа своите ставови за евроинтеграцискиот процес и за уставните измени. Ковачевски како теми ги предложи одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските …

Continue Reading