Николовски: Регионот да го гледа земјоделското производство како заедничка шанса за настап на европскиот пазар

Ние сите заедно, целиот балкански регион, треба да го гледаме земјоделското производство како заедничка шанса за настап на пазарот на ЕУ. Имаме идеални климатски услови и треба да го искористиме тоа што ни го дала приодата. Но, за успех е потребно да настапиме заедно со позначајни количини на стандардизирани производи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски …

Continue Reading

Сенатот на САД бара формирање меѓународен трибунал за Русија

Американскиот Сенат повика на формирање специјален меѓународен трибунал за Русија за барање одговорност за злосторствата извршени по нејзината незаконска агресија врз Украина. Предлог-резолуцијата потекна од членови на Комисијата за надворешни работи, сенаторите демократи Бен Карден и Тим Кејн. Резолуцијата беше донесена по вчерашното сослушување на амбасадорката Бет Ван Шак, специјален претставник на Стејт департментот за глобално кривично право. На сослушувањето, …

Continue Reading

ДКСК: Бочварски за вработувањата на сопругата и нејзината сестра не ја информирал Комисијата

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска констатираше дека при вработувањето на сопругата и балдазата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во јавна здравствена установа се запазени сите процедури, бидејќи се искористени слабостите во Законот за здравствена заштита, меѓутоа е направен прекршок согласно Законот за спречување корупција бидејќи Бочварски за конкретните вработувања не ја известил Државната комисија …

Continue Reading

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Судењето за предметот „Титаник 2“ закажано за денеска во Апелациониот суд – Скопје, е одложено за 14 јули 2023 година во 9:30 минути по барање на еден од обвинетите. Како што соопшти Судот, судењето е одложено по барање на обвинетиот С.С. поради здравствени причини. „Титаник 2“ е предмет што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година …

Continue Reading

Ковачевски: Германскиот канцелар ја повтори силната поддршка на Германија за интеграцијата на Македонија во ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц и тука на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев, Молдавија, ја повтори силната поддршка на Германија за интеграцијата на Македонија во ЕУ и следните чекори кои претстојат, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот Фејсбук профил. – Разговаравме за забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот. Ова е најдобриот договор …

Continue Reading

Вработените во РТС стапија во штрајк

Вработените во Радио-Телевизија Србија (РТС) денеска стапија во штрајк, организиран од Синдикатот на РТС „Независност“ и Гранскиот синдикат на вработените во РТС. Штрајкот почна бидејќи раководството на РТС не одговори во дадениот рок на барањата за подобрување на материјалната и социјалната положба на вработените. Вработените бараат зголемување на платите, зголемување на сумата за топол оброк и регрес за годишен одмор, …

Continue Reading

Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Скопје

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје утре и задутре поради претстојниот верскиот празник Задушница ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Утре со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат …

Continue Reading

Трајковски најави реконструкција на салата во Спомен-домот АСНОМ во Делчево

По повеќе од 50 години од изградбата на Спомен-домот АСНОМ првпат ќе се реконструира малата сала, со што ќе се враќа сјајот на култното место на културата во градот. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Делчево Горан Трајковски, кој информираше дека проектот „Реконструкција и санација на малата сала, влезот и влезниот хол во спомен-домот АСНОМ“ е вреден 9,6 …

Continue Reading

Општина Штип ги уредува влезовите на станбените згради

Почна уредувањето на влезот пред станбените згради на улица „Сремски фронт“ во населбата Автокоманда. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов кој денеска беше на увид во градежните работи посочи дека станува збор за дел од активностите од Програмата за уредување на градежно земјиште, според која се веќе уредени влезовите на станбени згради во некои од населбите, како Сењак, а и …

Continue Reading