Министрите за надворешни работи на НАТО ќе дебатираат за односите со Украина и трошоците за одбрана

Министрите за надворешни работи на НАТО денеска на вториот ден од состанокот во Осло ќе разговараат за новите трошоци за одбрана и за идните односи на алијансата со Украина. – Секој нов руски дрон и ракетен напад само ќе нè натера да ги поддржиме Украинците уште повеќе во нивната самоодбрана, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок пред разговорите. …

Continue Reading

Мајк Пенс влегува во трката за републиканска претседателска номинација

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс следната недела официјално ќе влезе во трката за републиканска претседателска номинација, соопштија неименувани извори запознаени со неговите планови. Пенс ќе ја започне кампањата за републиканската номинација на 7 јуни во Де Мојн, Ајова, на неговиот 64-ти роденден. Негови главни ривали ќе бидат неговиот поранешен шеф Доналд Трамп, американски претседател од 2017 до 2021 година, и …

Continue Reading

Почнува Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа

Од денеска до 6 јуни ќе се одржи Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа SEE FF Paris-Berlin-Washington 2023. Традиционално, како и секоја година, на фестивалот се презентираат остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон, САД. Во селекцијата на играни филмови е и македонскиот филм „Кино Љубов“ од Јани Бојаџи, како и селекција кратки …

Continue Reading

Изложба на слики од ликовниот уметник Владимир Темков во Чифте амам

Изложба на слики од ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци, беше отворена синоќа во галеријата на Чифте амам, во Старата скопска чаршија. Претседателката на македонското Друштво на ликовни уметници, Јана Манева Чупоска, ја нарече оваа ретроспективна изложба, „Патување низ времето“. Со неа, авторот прикажува 45 години творештво. – Делата во оваа изложба за мене претставуваат еден вид на патување низ …

Continue Reading

Состојба на патиштата

Од 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање. Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските …

Continue Reading

Во Струмица почнува вториот меѓународен фестивал за љубителите на велосипедизмот

Во Струмица вечер почнува вториот меѓународен фестивал за љубителите на велосипидизмот-„Вело Струмица“, кој ќе трае до задутре, соопштија од Општината. Манифестацијата почнува со вело тура по новоизградените велосипедски патеки, по што следува официјалното пуштање во употреба на велосипедско-рекреативното игралиште “Pump Track“. Овој проект е финансиран од Европската Унија и директно Општина Струмица, а се однесува на дополнување на понудата на …

Continue Reading

Нови руски напади врз Киев

Три лица загинаа, меѓу кои и едно дете, во руски напади врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта. Повредени се шест лица. Нападот почнал во 3 часот по полноќ по локално време. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм напиша дека трите жртви и четворица од повредените биле пронајдени од страна на тимовите за пребарување и спасување во …

Continue Reading

Од денеска основните производи со „одмрзнати“ цени, поскапувања не се очекуваат

Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки. Надлежните уверуваат дека поскапувања на овие производи нема да има, а доколку тоа се случи, веднаш …

Continue Reading

Во Собранието седници на неколку комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за прашања на изборите и именувањата, за еднакви можности на жените и мажите, за политички систем и односи меѓу заедниците, за надзор на спроведување на мерките за следење на комуникациите, а работна средба ќе одржи и Комитетот за односи меѓу заедниците. На Комисијата за европски прашања треба да продолжи расправата …

Continue Reading