Казнети 58 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Вкупно 58 возачи се казнети за брзо возење во вчерашната акциска контрола спроведена на територија на СВР Битола. Од нив 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 16 надвор од населено место. МВР соопшти дека на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. – Акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат …

Continue Reading

Маунт ги договори личните услови со Манчестер јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Мејсон Маунт се договори за личните услови со Манчестер јунајтед. Според пишувањата на медиумите, раководството на клубот од „Олд Трафорд“ е уверено дека ќе успее да го реализира трансферот на 24-годишниот Англичанец. Претходно, новинарот на „Гардијан“ Џејкоб Стајнберг објави дека играчот од средниот ред сака да го напушти Челзи и покрај доаѓањето на Маурисио …

Continue Reading

Стапуваат во сила три договори во рамки на Берлинскиот процес

Во Република Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување …

Continue Reading

Во Канада на секоја цигара ќе има предупредување за опасностите од тутунот

Канада ќе стане првата земја во која секоја цигара ќе мора да биде поединечно означена со предупредувања за штетното влијание на тутунот врз здравјето на луѓето. Мерката беше објавена минатата година од канадските здравствени власти, а прописите треба да стапат на сила на 1 август. Ќе се воведува постепено во зависност од големината на цигарите, прво на најголемите и на …

Continue Reading

Во Тетово гостуваше Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“

Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ вчера одржа нов концерт во Тетово како дел од „Танец низ татковината“ целовечерни концерти на целиот ансамбл, кој го сочинуваат играорен кор, вокален ансамбл и оркестар. Играорците, оркестарот и пејачките групи настапија на големата сцена во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“. -Беше изведена програма во која зад најголемиот дел од нумерите стои …

Continue Reading

На чеченските војници им е наредено да се мобилизираат, гранатирани руски погранични области

На борците од руската република Чеченија под команда на Рамзан Кадиров најверојатно им било наредено да преземат водечка улога во борбите во Украина во деновите кога гувернерот на руската област Белгород најави евакуација на децата поради прекуграничните напади од Украина, јави Ал Џезира. Институтот за проучување на војната (ИСВ) со седиште во Вашингтон во својот последен извештај објавен денеска вели …

Continue Reading

Продадени се повеќе од 850.000 билети за натпреварите на Светското првенство за жени

На 50 дена пред почетокот се продадени повеќе од 850 илјади билети за натпреварите на Светското фудбалско првенство за жени. Севкупно очекувањата се дека ќе се продадат рекордни 1,5 милиони билети. Мундијалот за жени ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд од 20 јули до 20 август. ФИФА очекува бројката од еден милион билети да биде достигната во рок …

Continue Reading

Најмногу дожд во Охрид 24 литри на квадрат

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид 24 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 17, во Берово и Круешево по 13 и во Тетово 10 литри, соопшти УХМР. Времето изутринава е променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Во котлините особено на северот има ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне …

Continue Reading

МВР: 183 сообраќајни прекршоци во Скопје, 55 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, девет мерки за непрописно …

Continue Reading