Поради асфалтирање до 3 јуни затворена за сообраќај делницата Велес – Градско

До 3 јуни 2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, од 08:00 до 16:00 часот ќе се врши асфалтирање поради што овој патен правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, потсетува АМСМ. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на …

Continue Reading

Маричиќ од Брисел: ЕУ има план за брза евроинтеграција, шанса која не смееме да ја пропуштиме

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска, по средбите со европратениците, преку видеообраќање испрати порака дека ЕУ има план за Северна Македонија и за регионот. Како што вели Маричиќ, со заедничка акција на сите политички субјекти треба до 2030 да ја валоризираме шансата што ни е дадена. -Имаме многу поддржувачи и искрени пријатели во европските институции, …

Continue Reading

Османи во Осло на министерски состанок на НАТО

Од Братислава каде учествуваше на Глобсек 2023, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Осло каде ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО. -Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата, како и унапредувањето на соработката со земјите партнери, …

Continue Reading

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ на средба со штипскиот градоначалник Јорданов

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска имал средба со Амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. Во соопштението се наведува дека главни теми на разговорот биле предизвиците со кои се соочуваат општините. -Предизвиците и проблемите со кои се соочуваме во функционирањето како локална самоуправа,борбата со корупцијата како една од …

Continue Reading

Oдржана Работната средба на Синдикатот на самостојните јавни научни установи (ССЈНУ) за зголемување на платите

На барање на членството, а поради последното зголемување на минималната плата, се одржа Работна средба на Синдикатот на самостојните јавни научни установи (ССЈНУ) на 30 мај 2023 година со цел да се разгледа прашањето за зголемување на платите во овие научни установи. Синдикатот бара потпишување на нов Колективен договор за научно истражување и развој на јавните научни установи со министерот …

Continue Reading

Невреме во Неготино

Од 11.45 до 12,30 часот подрачјето на општина Неготино го зафати невреме, пропратено со врнежи од дожд, објавија од Центарот за управување со кризи на фејсбук. – Врнежите беа обилни и истите предизвикаа поплавување на неколку деловни објекти во центарот на градот, трафостаница на ЕВН на која беше реагирано на време од страна на ТППЕ Неготино за да не дојде …

Continue Reading

Амбасадата на САД во БиХ ја поздрави пресудата за Станишиќ и Симатовиќ

Амбасадата на САД во БиХ ја поздрави денешната пресуда на Меѓународниот механизам за кривични судови во случајот против Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, поранешни лидери на Службата за државна безбедност на Србија. Од Амбасадата истакнаа дека таа пресуда е важен чекор кон утврдување на одговорноста на секој поединец. – Ова е клучен чекор кон одговарање на поединците одговорни за огромното …

Continue Reading

Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека тој и неговите европски колеги на Советот за трговија и технологија, што се одржува во Шведска, имале интензивна и продуктивна дискусија поврзана со вештачката интелигенција. Тој посочи дека Советот дал важен придонес во создавањето на доброволен етички кодекс кој ќе биде отворен за пристап од сите „страни со истомисленици“. Блинкен изрази жалење …

Continue Reading

Млади професионалци за животна средина на сесија за размена на искуства на ОН

Климатските промени, загубите во биодиверзитетот, загрозените видови, озонската обвивка, загадувањето и други еколошки предизвици се теми на кои попладнево дискутираат младински професионалци за животна средина на сесија за размена на искуства од Обединетите нации. На младите, кои се дел од регионалната младинска соработка, им се обратија Ингер Андерсен и Карлос Бараган, претставници на Програмата на Обединетите нации за животна средина …

Continue Reading