Конференција на Здружението за трудово и социјално право

Здружението за трудово и социјално право на Северна Македонија денеска и утре во Охрид ќе одржи годишна, дводневна конференција на тема: „На преминот помеѓу постоечкото и новото работно законодавство во Северна Македонија – премногу рано или премногу доцна за нов закон за работните односи?“. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 30 говорници, истакнати теоретичари (универзитетски професори од земјата и странство) …

Continue Reading

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Издавачка куќа „Матица македонска“ во Скопје вечер во 18 часот ќе промовира книга од областа на медицината посветена на респираторното здравје и важноста на витаминот Д од докторките Татјана Јаќовска и Весна Мицевска. За пораките на ова дело ќе говорат академик Нада Поп Јорданова, д-р Бисерка Јовковска и проф. д-р Катарина Ставриќ Каева.

Continue Reading

Национален форум „Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Македонија“

Третиот национален форум за здравство „Здравствена правичност, кохезија и отпорност во Северна Македонија: кон трансформација на здравствениот систем“, ќе се одржи денеска во Скопје, со учество на министерот за здравство Фатмир Меџити и Ане Јохансен, специјална претставничка на Светската здравствена организација (СЗО) и шефица на Канцеларијата во Скопје. Од Канцеларијата на СЗО посочуваат дека на третиот Национален форум за здравство …

Continue Reading

Состојба на патиштата

ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање. Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните …

Continue Reading

Џозеф: САД му дадоа зелено светло на Александар Вучиќ да ја ескалира ситуацијата на Косово

САД отидоа предалеку со критиките до властите на Косово кои сакаа да ги спроведат новоизбраните градоначалници на нивните места, изјави денеска Едвард Џозеф политички аналитичар од Вашингтон и познавач на Балканот. Како што јави дописникот на МИА, САД и ЕУ претходно повикаа дека официјална Приштина ја дестабилизира ситуацијата во земјата. -Со тоа што САД отидоа предалеку велејќи дека со ова …

Continue Reading

Премиерот Ковачевски учествува на Безбедносниот форум Глобсек 2023 во Братислава

Премиерот Димитар Ковачевски учествува на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023 во Братислава. Предвидено е Ковачевски да се обрати на панел сесија на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“ на кој во фокус на дискусиите ќе биде регионалната соработка, интеграцијата на регионот во ЕУ и предизвиците за Европа од војната во Украина. Најавено е на маргините на собирот, Ковачевски …

Continue Reading

Без вода дел од Тафталиџе и реонот кај Градскиот парк

Поради технички зафати и дефекти во водоводната мрежа денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат неколку улици во скопската населба Тафталиџе и реонот околу Градскиот Парк. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи врз основа на известувањата добиени од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради уличен дефект ф-160 милиметри на булевар „8-ми Септември“ бб, во близина на Институтот …

Continue Reading

Ретроспективна изложба на Владимир Темков во Чифте амам

Во Чифте амам вечер во 20 часот ќе биде отворена ретроспективна изложба, 40-годишен опус, на Владимир Темков. Владимир Темков е присутен на македонската и поранешната југословенска ликовна сцена од 1980 година и јубилејно 40 години од неговата прва самостојна изложба. Тој е основач и организатор е на Меѓународната ликовна колонија, „Кавадарци-Михајлово“ од 1996 година. Организатор е на првата Ликовна колонија …

Continue Reading

Собранието ќе одржи продолженија на три седници

Собранието денеска ќе одржи продолженијa на три седници – 99, 100 и 112. На дневен ред на продолжението на 112. седница се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, двата по скратена постапка и кои се поврзани со пакетот закони за изградбата на …

Continue Reading