Одложено судското рочиште за Пендиков, одбраната на обвинетиот ја напушти судницата

Обвинителството достави нови медицински докази во случајот со Христијан Пендиков, против прво обвинетиот Илија Спасески, по што одбраната побара одлагање на рочиштето за да ги анализира доказите, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Адвокатите на обвинетиот ја напуштија судницата, а Спасески рече дека не сака да се брани сам и побара одлагање. Судијата му даде поука на обвинетиот Спасески дека …

Continue Reading

Зголемен бројот на пријавени и осудени сторители на кривични дела во 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители на кривични дела, во 2022 година, во споредба со 2021, е зголемен за 1.6 %. Во наведениот период, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 1.8 %, а бројот на обвинетите лица е намален за 0.4 %. Бројот на пријавените деца во судир со …

Continue Reading

Месиќ: Македонија одамна мораше да биде членка на ЕУ

Сите земји од Западен Балкан се на непотребно долг пат кон членството во Европската унија. Македонија веќе одамна мораше да биде членка на Унијата и затоа ја повикувам претседателката на Европската комисија да стори се со цел кон Унијата што побрзо да и се придружат земјите од Западен Балкан и да покаже повеќе емпатија за граѓаните и граѓанките во овој …

Continue Reading

Казнети 160 возачи на мотоцикли

Казнети се 160 возачи во акциската контрола спроведена вчера на територија на цела држава за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Како што соопшти МВР, 112 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 31 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници …

Continue Reading

Раст на просечната каматна стапка кај кредитите и кај депозитите во април

Просечната каматна стапка на вкупните кредити и на вкупните депозити во април бележи раст. Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април изнесува 5,08 проценти, а на вкупните депозити 1,17 проценти. Зголемување има кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити и на месечно и на годишно ниво и тоа за 0,18 и 1,46 процентни поени, …

Continue Reading

ФИТР со нов јавен повик за комерцијализација на иновативноста на македонските компании

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновациите на македонските компании. Повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши …

Continue Reading

Суданската армија ги прекина преговорите за прекин на огнот

Суданската армија денеска ги прекина преговорите за прекин на огнот и дозволување пристап до хуманитарна помош, изјави судански дипломатски извор. Преговорите со ривалските паравоени сили за брза поддршка започнаа на почетокот на мај и резултираа со декларација за посветеност на заштитата на цивилите и два краткорочни договори за прекин на огнот кои постојано беа прекршувани. Војската и Силите за брза …

Continue Reading

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“

Секторот за внатрешни работи Тетово вчера започна со практична имплементација на нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“, чиј носител е Отсекот за превенција. Во текот на вчерашниот, прв ден од реализацијата на овој проект биле опфатени 70-тина деца од две детски градинки во Тетово и тетовско Џепчиште. Инаку, со проектот кој се планира да трае до крајот на јуни годинава …

Continue Reading

Оддадена почит на Спасе Мазенковски, еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија

Општина Пустец на петгодишнината од смртта му оддаде почит на Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија. На настанот одржан во салата на Советот на општината присуствуваа неговио син Владимир и ќерката Елеонора, негови сограѓани, колеги, претставници на локалната власт, на македонската партија МАЕИ, како и почитувачи …

Continue Reading