Во Кумровец се одржува манифестацијата Ден на младоста-радоста

Денот на младоста- радоста, денеска во хрватскиот град Кумровац, според организаторите, собра илјадници луѓе од сите земји на поранешна Југославија, дојдени „да му оддадат почит на војсководецот и државник Јосип Броз Тито“. Настанот го организираа Сојуз на здруженија „Јосип Броз Тито“ и Здружението на антифашистички борци и антифашисти на Република Хрватска во соработка со општина Кумровец и Крапинско-загорската жупанија, пренесува …

Continue Reading

Доцни сеидбата на оризот во Чешиново поради несолидарност меѓу земјоделците

– Сеидбата на оризот на околу 300 хектари во атарот на селото Чешиново сè уште не е почната, иако истекува оптималниот временски рок. Причина за доцнењето е несолидарноста на земјоделците од соседните села кои не ја завршиле подготовката на своите површини, поради што водата од каналите за наводнување не може да се пушти во нивите. Оризопроизводителите обвинуваат и дека нивните …

Continue Reading

Приведено 30-годишно лице од Струмица, кај него пронајдени предмети од дело „тешка кражба“

 – Полициски службеници од СВР Струмица, синоќа во 23.30 часот го лишиле од слобода струмичанецот Н.Р., на возраст од 30 години. При преглед, кај него биле пронајдени предмети што потекнуваат од тешка кражба во возило, извршена на подрачје на Струмица, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. Лицето е задржано во полициска станица Струмица. За настанот е запознаен јавен обвинител од …

Continue Reading

Детското списание „Карделен“ го прослави стотиот број

Вчера вечер со почеток во 19 часот, детското списание „Карделен“ (Кокиче), со програма за деца од основни училишта и помали деца, го прослави својот 100- ти број. На програмата имаше разни точки преку читање на поезии од децата од „Карделен“, како и раскажување на приказни од специјалната гостинка од Турција, Зејнеп Бетул Ајјилдиз. Уредникот на детското списание, Јелиз Даут Куртиш, …

Continue Reading

Уметникот Новица Трајковски со изложбата „Спасителот“ во Велес

 – Во организација на Народниот музеј во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на слики на академскиот сликар Новица Трајковски со циклусот на дела портрети „Спасителот”, слики создадени во текот на целото неговото творештво. Претставени се 30 негови дела насликани во техниките масло на платно и акрил на платно, со теми од магичното и мистериозното. Како што информира …

Continue Reading

Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов претседател на Српската напредна партија

– Претседателот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов лидер на таа партија. Вучевиќ е правник и политичар, а во моментов е министер за одбрана на Србија, потпретседател на Владата и потпретседател на СНС. Вучиќ на Собранието на СНС што се одржува во Крагуевац изјави дека по друга точка од дневниот ред и формално …

Continue Reading

Кумановци трчаа на хуманитарната трка за девојчињата Ана и Теодосија

– Кумановци денеска трчаа на хуманитарната трка за помош за лекување на двете девојчиња со сериозна здравствена состојба Теодосија и Ана. Трката ја организираше Советот на општината, кој едногласно одлучи дека треба да им се помогне на девојчињата кои се на лекување во странство. Трката имаше ревијален карактер и се одржа на булеварот „Октомвриска револуција“. -Првпат организиравме ваква хуманитарна трка. …

Continue Reading

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица

Пред нас имаме историска шанса да го продолжиме европскиот пат. Од нас зависи европската иднина на земјата, со глас за Европа во македонското Собрание можеме да станеме земја-членка на ЕУ до 2030 година. Мицкоски и  ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучат и да кажат што одлучиле: дали ќе се приклучат на блокот за ЕУ или ќе останат во заложништво на Левица. Ова …

Continue Reading

Нобеловецот Ден Шехтман промовиран за Почесен професор на УКЛО-Битола

 – Професор д-р Ден Шехтман од Израел, добитник на Нобелова награда за хемија во 2011 година од денеска е избран Почесен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола. На свечена академска церемонија во Битола, ректорот на битолскиот Универзитет, професор д-р Игор Неделковски, на д-р Шехтман му врачи инсигнии, одора и универзитетска диплома за Почесен професор на УКЛО-Битола. -Почестен сум што ја …

Continue Reading