Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав. Лиферувањето на невистини за работата на работната …

Continue Reading

Битиќи: Од 1 јули повторно е можна евтина дневна тарифа на струјата

Од 1 јули годинава граѓаните најверојатно повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. – Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од 1 јули, изјави Битиќи во гостувањето во „Утринската …

Continue Reading

САД: Кина е способна за кибернапади врз клучната американска инфраструктура

Стејт департментот предупреди дека Кина е способна да изврши кибернапади врз клучната американска инфраструктура, вклучувајќи нафта, гас и железнички системи, откако истражителите утврдија дека кинеска хакерска група ги шпионирала тие мрежи. Во предупредувањето од пред два дена откриено е дека кинеската кибершпионажа била насочена кон армијата и и владините институции во САД. Кинеските власти негираат дека шпионирале западни мети, а …

Continue Reading

Тикток добива свој чет-бот

Кинеската платформа за видеа, Тикток тестира чет-бот, наречен „Тако“ што ќе може да се користи како пребарувач и за навигација. Новиот чет-бот со вештачка интелигенција ќе може да препорача видеа врз основа на пишани команди обезбедени од корисникот. Тоа може од корен да го промени начинот на кој корисниците ја користат оваа социјална мрежа. Може да се пребаруваат содржини на …

Continue Reading

Кина: До крајот на јуни во земјата ќе има десетици милиони случаи на Ковид-19 неделно

Кинеските здравствени власти денеска предупредија дека главниот град Пекинг се соочува со нов, силен бран на случаи на Ковид-19, а истото се случува и во голем дел од земјата, јави ДПА. На училиштата во некои делови од земјата им е кажано да преземат мерки на претпазливост. Водечкиот кинески епидемиолог Жонг Наншан очекува околу 65 милиони нови случаи на коронавирус неделно …

Continue Reading

Спасовски: Комуникацијата со граѓаните е најважна

Непосредната комуникација со граѓаните, за секое прашање, за прашање на безбедноста е многу важна. Идејата е Кабинетот во одредени денови да го селиме, наместо во Скопје, еден ден ќе биде во Куманово, Струмица, Охрид, Битола, некој друг град, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Фејсбук“. Тој најави дека граѓаните ќе имаат можност на телефонски број или на маил …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска ќе го отвори „Крушево – Град на културата 2023“

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Крушево ќе се обрати на свеченоста по повод започнувањето на манифестацијата „Град на културата“. Манифестацијата, која се одвива под мотото „Крушево – жив споменик на културата“, ќе почне во 17:00 часот со посета на галеријата „Никола Мартиноски“, како потсетник на доајенот на ликовната уметност кој изврши големо влијание за современиот развој на државата …

Continue Reading

Објавен Jавниот повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради во Општина Центар

Oпштина Центар објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на општината. Јавниот повик ќе се реализира со селекција кoja ќе се врши по …

Continue Reading

Се одложува ротацијата на премиерското место во Романија поради штрајкот на наставниците

Нема да поднесам оставка како премиер на Романија и нема да има ротација на владата додека не ги решиме проблемите со образованието и не прекине штрајкот на наставниците. Ова на вонредна прес-конференција го соопшти актуелниот премиер на државата, Николае Чука, заедно со другите двајца лидери на владината коалиција – претседателите на Социјалдемократската партија и на Демократскиот сојуз на Унгарците во …

Continue Reading