Приватните превозници денеска се враќаат на скопските улици

– Приватните автобуски превозници, по долгогодишна пауза од денеска повторно започнуваат со сообраќање низ скопските улици откако вчера постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Веста беше објавена на фејсбук страната на ЈСП Скопје каде што се наведува дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од утре тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот …

Continue Reading

Посебен режим на сообраќај во Скопје

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во периодот од 12:00 до 14:30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје. Протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на улица „11 Октомври“, преку улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“ и улица „Св. Кирил и Методиј“, …

Continue Reading

Џафери и македонска делегација на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во чест на Свети Кирил и на аудиенција кај папата Франциск

– Државно – црковната делегација предводена од претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе присуствува на молебен во базиликата „Сан Клементе” во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на Св. Кирил.  Во попладневните часови Џафери ќе положи цвеќе пред спомен – плочата на македонски јазик во чест на Св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре”. Традиционално делегацијата денеска …

Continue Reading

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

– Со повеќе настани под мотото „Писмото е нашиот универзум“ денеска во земјава се одбележува Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Поради нивните заслуги за христијанството Светата црква ги прогласила за рамни на апостолите. Чествувањата на сесловенските просветители почнаа …

Continue Reading

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

– Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска и утре одржува седница на чиј дневен ред, меѓу останатите е и расправата и гласањето по Извештајот за напредокот на Северна Македонија на известувачот на ЕП за земјава, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, изработен по извештајот на Европската комисија, во кој се поздравува континуираната посветеност на Северна Македонија за интеграција во …

Continue Reading

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со локален пороен дожд

– Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 22 …

Continue Reading

На денешен ден

24 мај 2023 – Ден на солунските браќа Кирил и Методиј. Православната црква во 11. век, во чест на солунските браќа Кирил и Методиј одлучила 24 Мај да се прославува, како Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, сесловенски просветители. Македонија со посебен пиетет го празнува овој ден, во знак на признание за се она што го направиле солунските браќа …

Continue Reading

Од верските календари

24 мај 2023 ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 мај. Денеска е Св. Кирил и Методиј. Овие двајца светители се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кирил кој пред да стане монах се викаше Константин ги помина сите степени на тогашната наука. …

Continue Reading

Астрономски календар

– Денеска е среда, 24 мај 2023 година, 144-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 221 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 6 минути, а ќе зајде во 19 часот и 56 минути. Денов трае 14 часа и 49 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во 8 часот и 40 …

Continue Reading